Лука Модриќ потпиша едногодишен договор со Милан

СпортФудбал

Лука Модриќ потпиша за Милан! Легендарниот хрватски фудбалер пристигнува како слободен агент со договор до 2026/2027. Детали за трансферот, титулите и значењето за Милан.

Хрватската фудбалска икона Лука Модриќ официјално стана нов фудбалер на Милан, откако денес потпиша едногодишен договор како слободен агент, со можност за продолжување до летото 2027 година.

Иако личните услови со клубот беа договорени уште минатиот месец, трансферот беше финализиран дури по завршувањето на клупскиот Мундијал со Реал Мадрид. Утрово, Модриќ пристигна во Милано каде што ги мина задолжителните медицински прегледи, а потоа го стави својот потпис на договорот. Во Милан ќе го носи дресот со бројот 14.

Иако во септември полни 40 години, Модриќ и понатаму важи за еден од најформалните и најценетите играчи во светот на фудбалот. Со 188 настапи за хрватската репрезентација и 597 официјални натпревари за Реал Мадрид, зад себе има 13 блескави години во Шпанија и статус на еден од најдобрите играчи од својата генерација.

Лука Мориќ Милан

Грандиозни достигнувања со Реал Мадрид:

  • 6 титули од Лигата на шампионите

  • 4 титули од Ла Лига

  • 5 титули од Светското клупско првенство

  • 5 Европски Суперкупови

  • 2 Кралски купа

  • 5 шпански Суперкупови

  • Добитник на „Златната топка“ (Ballon d’Or) во 2018 година

Со доаѓањето во Милан, ова е четвртиот клуб во блескавата кариера на Модриќ, по Динамо Загреб, Тотенхем и Реал Мадрид.

Според поранешниот милански ас и сонародник Звонимир Бобан, Модриќ отсекогаш бил навивач на Милан и не размислувал двапати кога добил понуда од „росонерите“.

Овој трансфер не само што носи огромно искуство и лидерство во средниот ред на Милан, туку и создава нова еуфорија меѓу фановите, кои со нетрпение чекаат да го видат Лука во црвено-црниот дрес на „Сан Сиро“.