Лорен Санчез ги истакна градите во Њујорк

МодаЊу ЈоркСелебрити

Лорен Санчез ги истакна градите, облечена во жолт фустан на гала-настанот на Керинг фондацијата во Њујорк

Лорен Санчез, сопругата на милијардерот Џеф Безос, привлече огромно внимание на гала-вечерта на Фондацијата Керинг во Њујорк, појавувајќи се во елегантен фустан што го истакнуваше нејзиното деколте.

Фустан во боја што ја обележа летната сезона

Санчез избра креација од модната куќа Schiaparelli, со преден дел во пастелна путер-жолта боја, која беше еден од главните модни трендови на летото, додека задниот дел беше црн, создавајќи впечатлива контрастна силуета. Таа се одлучи за нежни бранови во косата и суптилна шминка, ставајќи акцент на самата креација.

Lauren sanchez yellow dress new york

Милјонски накит и елегантни детали

Комбинацијата ја заокружи со сандали на висока потпетица од Jimmy Choo и накит на Samer Halimeh, меѓу кои доминираше ѓердан чија проценета вредност изнесува неверојатни три милиони долари.

Мода во служба на хуманоста

Настанот имаше хуманитарен карактер – средствата се собираа за поддршка на жени жртви на родово базирано насилство. Санчез дополнително придонесе со тоа што на крајот од вечерта го донираше својот фустан. Таа на социјалните мрежи изјави дека е горда што може да биде дел од иницијатива која ја засилува борбата за промени и поголема еднаквост.

Lauren sanchez yellow dress new york 2

Вечер исполнета со ѕвезди

Гала-настанот беше во организација на актерката Салма Хајек и нејзиниот сопруг, бизнисменот Франсоа-Анри Пино, сопственик на луксузната групација Kering. Меѓу гостите беа бројни холивудски и модни имиња: Деми Мур, Џесика Честејн, Џулијан Мур, Џорџина Родригез, Мадона и многу други.

Луксуз и во приватниот живот

Само еден месец претходно, Санчез беше фотографирана со часовник Richard Mille RM07 Intergalactic Dark Night, вреден околу 250.000 евра, подарок за нејзината свадба со Безос. Часовникот е изработен од црвено злато и украсен со повеќе од 50 дијаманти.