Љубовна „шлаканица“ или шега? Макрон прозборе за чудната сцена.
Љубовна „шлаканица“ или шега? Макрон ја појасни чудната сцена со сопругата кога со авион пристигнаа во Виетнам.
Францускиот претседател Емануел Макрон повторно се најде во центарот на вниманието — овојпат не поради политички изјава или дипломатски настап, туку поради сцена која многумина ја интерпретираа како „турбуленција“ во бракот.
📸 Снимките што ги забележаа камерите при пристигнувањето на претседателскиот авион во Ханој, Виетнам, покажуваат како Брижит Макрон, сопругата на претседателот, со двете раце го турка од лицето. Додека еден дел од јавноста веднаш се залета со шпекулации, Макрон излезе со свое објаснување: „Само си се задевавме. Малку си се препиравме, ама се беше шега. Ова го направија да изгледа како некоја геопланетарна катастрофа.“
На видеото од пристигнувањето, Макрон е виден како разговара со некого во авионот, додека Брижит, облечена во црвена јакна, му го покрива лицето со рака, делумно и устата и носот. Тој се повлекува со мала гримаса, но брзо се освестува дека се снима, па се насмевнува и мавта кон камерите. Подоцна, додека се симнуваат по скалите од авионот, тој и нуди рака на сопругата — која, интересно, ја одбива и продолжуваат да чекорат еден покрај друг, без физички контакт.
Француските медиуми експресно ја пренесоа веста. Весникот Le Parisien дури и постави провокативно прашање: „Шлаканица или кавга?“
Кабинетот на Макрон се обиде да ги смири страстите: „Ова беше последен момент на опуштање меѓу претседателот и неговата сопруга пред напорната агенда. Приказна за блискост. Но доволна за да даде муниција на теоретичарите на заговори.“

За потсетување, љубовната приказна меѓу Емануел и Брижит започна кога тој беше средношколец, а таа — негова наставничка и веќе мајка на три деца. Се вљубиле преку драмскиот клуб, тој и ветил брак уште како тинејџер, и на крај — таа се развела и се преселила во Париз за да живеат заедно. Во 2007 година стапија во брак, и оттогаш се под лупа на јавноста.
„Сите треба малку да се смират“, изјави Макрон на новинарите, критикувајќи ја брзината со која дезинформациите се шират во дигиталната ера.