Љубовен тест од само 6 прашања

ВрскаЉубов и СексТест

Одговорете на овој Љубовен тест од 6 прашања и откријте каков партнер сте во врската или бракот, што за вас преставува љубовта и како ја доживувате.

Тестот се одвива на следниот начин:

Прочитајте го првото прашање, а потоа одговорете си на истото. Така продолжите и на следното прашање и на тоа по него, одговарајте се до последното прашање.

НАПОМЕНА!

Тестот се решава самостојно. Не прескокнувајте ниту едно прашање и не ги читајте решенијата пред да одговорите на сите прашања, а ако сакате тестот да биде со подобар ефект не размислувајте дали прашањето би можело да биде “трик-прашање”.

Тестот е создаден за да ја долови вашата внатрешност, вашата личност и духовна состојба, односно, вашиот пристап кон љубовта. Не лажете се, одговорете брзо и без многу размислување… Со среќа!


♥ Љубовен Тест

1. ПРАШАЊЕ:

Идеш кон куќата на личноста што ја сакаш. Има две патеки: една кратка и досадна, но брзо се стигнува до куќата на вашиот сакан. Другата патека е многу долга, но на неа има премногу интресни работи за гледање, работи кои вие ги сакате. Кој пат го бирате долгиот или краткиот?

2. ПРАШАЊЕ:

Наидуваш на грмушки со ружи, едната грмушка е со бели ружи другата со црвени ружи. Вие одлучувате да соберете 20 ружи за вашиот сакан/а. Колку бели, а колку црвени ружи ќе соберете, ќе направите комбинации од двете бои или ќе одберете само една боја?

3. ПРАШАЊЕ:

Стигнувате до куќата на вашата љубов. Член од семејството отвора врата. Дали сакаш тој да ја викне твојата сакана/сакан или ти одиш сам/а тоа да го направиш?

4. ПРАШАЊЕ:

Таа/тој не е во собата. Ги оставаш ружите. Каде ги оставаш – покрај прозорецот или на креветот?

5. ПРАШАЊЕ:

Време е за спиење, спиете во одвоени соби. Се будите наутро и влегувате во нејзината/неговата соба. Дали вашиот сакан/а се уште спие или е буден/а?

6. ПРАШАЊЕ:

Се враќаш накај дома од куќата на твојата љубов. Повторно истото прашање – по која од двете патеки се враќаш по кратката, досадна патека или долгата, а интересната?

љубовна-врска-љубовен-тест-срце-раце

🎯 Резултати и толкување:

1. Патот го претставува вашиот став кон заљубувањето. Ако тргнете по пократкиот пат, брзо и лесно се заљубувате. Ако го одбравте подолгиот пат значи дека не се заљубувате така лесно и си давате време за себе.


2. Бројот на црвени ружи претставува колку се давате во врската, а бројот на бели ружи претставува колку очекувате за возврат од вашиот партнер. На пример, ако избравте 15 црвени и 5 бели ружи, давате 70 проценти љубов и очекувате 30 проценти за возврат.


3. Ова прашање го претставува вашиот став кон проблемите во врската. Ако сте побарале член од семејство да ја викне вашата сакан/а тоа значи дека одбегнувате сами да ги решавате вашите љубовни проблеми и очекувате друг да ги решава место вас. Ако самите отидовте кај неа, тогаш сте директна личност и сакате сами да си ги решавате проблемите.


4. Местото каде што ги ставате ружите претставува колку често сакате да се гледате со вашиот партнер. Ако ги ставите на кревет, сакате да го/ја гледате често. Ако пак сте ги ставиле на прозорецот не сакате баш толку често да се гледате со вашиот сакан/а.


5. Ова го претставува вашиот однос кон вашата сакана личност. Ако сè уште спие, го сакате каков што е. Ако го најдовте буден/а, очекувате да се промени поради вас.


6. Патот до дома е за тоа колку долго ќе останете заљубени. Ако го избравте пократкиот пат тоа значи дека вашата љубов можно е набрзо да заврши. Но, ако па го одбравте подолгиот пат тоа значи дека имате тенденција да бидете уште долго време заљубени.