Лишено од слобода лице од скопско, било затекнато како пали оган
Лишено од слобода лице од скопско, било затекнато како пали оган во близина на автопатот Скопје – Тетово.
Денеска (30.07.2025) околу 08.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопат Скопје – Тетово, после наплатната станица Глумово, едно лице подметнува пожар. Полициски службеници излегле на местото и го затекнале Р.З.(59) од с.Арнакија, општина Сарај, како потпалува ѓубриште и сува трева во близина на штала со добиток.
Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат, а лицето било лишено од слобода и приведено во полициска станица. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.