Лице од Куманово сакало да запали обложувалница

ВестиМакедонија

 42- годишно лице од Куманово синоќа сакало да запали спортска обложувалница.

Четириесет и двегодишник жител на Куманово, синоќа било приведено од страна на полицијата, бидејќи се обидело да предизвика пожар во спортска обложувалница.

Соопштението на МВР гласи:

На 15.07.2025 во 22.50 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Ж.Д.(42) од Куманово, поради сомнение дека на улица „Ѓорче Петров“ во Куманово се обидел да предизвика пожар во спортска обложувалница. Ж.Д. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.