🔥 Летна мода 2025: 4 тренда кои ќе доминираат
Сончевата енергија веќе се чувствува, а со неа доаѓа и моментот за освежување на гардеробата, а оваа година овие 4 тренда ќе доминираат.
Сончевата енергија веќе се чувствува, а со неа доаѓа и моментот за освежување на гардеробата. Ако и ти го чувствуваш притисокот да изгледаш стилски ова лето – не си сама. Многу модни светски дизајнери, откриват дека овие четири модни тренда ќе бидат хит ова лето.
🌸 1. Пастелни нијанси – тренд што не избледува
Пастелните тонови продолжуваат да царуваат – путер-жолта, пистацијa-зелена, небото-сина и ружево-розева се боите кои ќе ги гледаме на секој чекор. Ако сакаш освежување со минимален труд – избери пастелна чанта, блуза или фармерки. Но, нешто што мора да го имате ова лето од пастелни нијанси тоа дефинитивно е шик, мала чанта со пастелна боја.

🌿 2. Бохо враќање – летна слобода во здолништа
„Бохо стилот се враќа со полна сила,“ тврдат дизајнерите. Замисли макси здолништа, фустани со плетени детаљи и крпени текстури. Тоа е летниот дух во неговата најсвежа и најопуштена форма.


👟 3. Ретро патики –стилски и удобни
Заборави на модерните спортски патики. Ова лето ќе доминира ретро-спортската елеганција. Slim ретро-силуетите се враќаат во мода, идеални за секојдневен стил и лесни за комбинирање. Овие кул патики ќе ги носат кул девојки цело лето.


💍 4. Хардверски детали – минимализамот е мртов
Заборави на „less is more“. Сега е време за детали, металик елементи и смели додатоци. Од сандали со хардверски токи, до ремени со златен финиш – ова е тренд за оние што сакаат модата да им биде поим.

