Леброн останува во Лејкерс – но дали тука ќе ја заврши кариерата

Лос АнџелесСпорт

Леброн Џејмс останува во Лејкерс уште една сезона, но дали навистина тука ќе ја заврши кариерата? Ќе бара ли нова титула на друго место? Прочитај повеќе во продолжение.

Иако го активираше својот играчки опцион од 52 милиони долари за уште една сезона со Лос Анџелес Лејкерс, иднината на Леброн Џејмс останува мистерија. На 40-годишна возраст, со 23 сезони зад себе – повеќе од кој било друг играч во историјата на НБА – „Кралот“ сè уште не го кажал последен збор.

Минатата сезона Леброн одигра 70 натпревари и покажа дека годините не се пречка за него: просечно бележеше 24.4 поени, 7.8 скока и 8.2 асистенции. Сепак, Лејкерс беа елиминирани уште во првото коло од плејофот од Минесота Тимбервулвс – уште еден удар за тим што се обидува да се реконструира.

Иако Џејмс официјално останува во Лејкер, неговиот агент Рич Пол навестува дека иднината е отворена: „Леброн сака титула.  Се разбира дека Лејкерс градат иднината, но тој сака реална шанса да победи сега. Имаме одлична соработка со Џини Бaс и Роб Пелинка, но ќе го процениме што е најдоброто за Леброн во оваа фаза од кариерата.“

Леброн Дончиќ
Леброн –  Дончиќ

И навистина – Лејкерс се во фаза на младинска трансформација, особено по доаѓањето на Лука Дончиќ, кој со 26 години претставува столб за иднината. Но со Дончиќ во фокусот, Леброн можеби ќе биде принуден да се праша: Дали уште една сезона во дресот на Лејкерси има смисла?

Дури и приватно, се појавуваат навестувања дека крајот е близу. Според информациите на Шамс Чаранија, на вечера со пријатели во Њујорк, Леброн открил дека неговата сопруга Саванах сака тој да се пензионира „во следната година или две“.

Со клауза за забрана на трејд во договорот, Леброн ја има целосната контрола врз својата судбина. Без разлика дали ќе одлучи да ја заврши кариерата како Лејкер или да се приклучи на друг тим, јасно е едно: секој негов потег од сега па натаму ќе се брои како последен обид за уште една круна.

Додека се подготвува за новата сезона и се рехабилитира од повредата на лигаментите, се уште стои прашањето, дали кариерата ќе ја заврши во Лејкерс или ќе биде дел од нов тим?