РецептРучекХрана

Лазања Болоњезе

Откријте го најдобриот рецепт за домашна Лазања со совршен баланс на Болоњезе и Бешамел сос. Лесно, брзо и неодоливо вкусно.

Едно од најомилените јадења во светот, Лазања Болоњезе може да се подготви дома и ќе им се спротивстави на оние од познатите ресторани. Поиграјте си со зачините, додадете повеќе зеленчук во сосот од месо или подгответе ги строго според рецептот и сигурно нема да зажалите.

За овој Рецепт (за 6 лица) е потребно:

Болоњезе сос:

  • 5 лажици маслиново масло
  • 1 црвен кромид
  • 1 морков
  • 750 гр мелено говедско месо
  • 200 мл црвено вино
  • 500 мл доматно пире
  • 500 ml вода или супа
  • сушен босилек
  • сол и бибер

Бешамел сос:

  • 50 грама Путер
  • 4 лажици обично Брашно
  • 1 Млеко
  • Сол

Сложување:

  • 500 гр свежи листови лазања

Подготовка:

Гответе го болоњезе сосот:

Ситно сечканиот зеленчук се динста на масло, потоа се додава месото и се пржи додека не зарумени од сите страни, со постојано мешање. Се прелива со вино, а потоа се додаваат доматите, водата и зачините.

Гответе околу 45 минути во полупокриено тенџере на средна температура, повремено мешајќи.

Погрижете се сосот да биде доволно течен, бидејќи листовите лазањи ќе ја впијат течноста за време на печењето.

Гответе го бешамел сосот:

Путерот се топи во тенџере, потоа се додава брашното и се пржи околу една минута, со постојано мешање. Се додава загреаното млеко (ако не ви е потребно веднаш, не мора да го загревате) и солта.

Мешајте со жица за матење додека не се изедначи сосот и не исчезнат сите грутки. Кога ќе зоврие, тргнете го од оган.

Прочитај ме:  Физичарите развија совршен рецепт за познатото италијанско јадење со тестенини

Составување и печење на домашна Лазања Болоњезе:

Во сад за печење со димензии приближно 25 cm x 40 cm ставете тенок слој бешамел сос. Врз него наредете листови лазања, а потоа прелијте со малку бешамел и болоњезе сос.

Повторувајте ја оваа постапка додека не ги потрошите сите состојки, редејќи ги во слоеви: лазања, бешамел, болоњезе.

Последниот слој треба да биде бешамел, а по желба можете да додадете рендано сирење или пармезан.

Печете во загреана рерна на 200°C околу 45 минути, додека не добие златно-кафеава крцкава кора.

Оставете ја лазањата да се излади околу 15 минути пред сервирање.