Лапорта жестоко му одговори на Перез: „Во Реал страдаат од барселонитис“

СпортФудбал

Џоан Лапорта со остра реакција на критиките од Флорентино Перез, обвинувајќи го Реал Мадрид дека страда од „барселонитис“ и дека од ништо прави скандал.

Претседателот на Барселона, Џоан Лапорта, жестоко возврати на последните критики и прозивки од неговиот колега во Реал Мадрид, Флорентино Перез. Напнатоста меѓу двата шпански гиганти повторно ескалира, а поводот се новите обвинувања поврзани со случајот Негрејра.

Потсетување: Реал Мадрид минатата недела испрати серија остри изјави и критики кон каталонскиот клуб, тврдејќи дека Барселона поткупувала судии. Станува збор за поранешниот судија Енрикес Негрејра, за кој постои сомнеж дека примал пари од Барса. Тој претходно тврдеше дека добивал средства „само за да суди неутрално“.

Лапорта ја отфрли целата нарација на Реал, велејќи дека во Мадрид „боледуваат од барселонитис“ и дека се работи за уште еден обид „од ништо да се направи нешто“. Тој нагласи дека, историски, шпанските судии многу повеќе го фаворизираат Реал Мадрид.

Како пример, Лапорта го истакна случајот со Винисиус Жуниор и голманот на Елче, кога бразилецот, според него, „замалку не му го скрши носот“, а прекршок не беше досуден.

На крајот, првиот човек на Барселона ја пофали својата екипа и испрати јасна порака до мадриѓаните:

„Ние бевме тимот што играше најдобар, најпрепознатлив и најценет фудбал, и поради тоа бевме почитувани“, порача Лапорта.