Која е причината за раскинувањето на Кидман и Урбан?

Селебрити

Која е причината за раскинувањето на Кидман и Урбан? Тој неодамна се разбесни кога го прашаа за нејзините интимни сцени во филмовите.

Веста за разделбата на Никол Кидман и Кит Урбан беше шок за многумина, со оглед на тоа што двојката беше видена заедно ова лето. Извори откриваат дека Никол била шокирана од одлуката на нејзиниот сопруг, а дека тој не е среќен во бракот, навестила неговата реакција на прашањето за нејзините интимни сцени во филмовите.

„Дејли меил“ откри детали за тоа што точно тргнало наопаку во нивниот брак, и се чини дека времето што го поминале разделени оставило трага врз нивната врска.
„Кит никогаш не ја гледа Никол, без разлика дали таа снима или тој е на турнеја. Имаше многу љубов меѓу нив двајца и можеби нема да се разведат. Тие се заедно со децении, па постои свет во кој би можеле да се смират, но во моментов не се пар“, изјавил извор за медиумот.

Тој открил дека Кит ѝ признал на сопругата дека не е среќен, а таа била изненадена од тоа.

Дека тој не е најсреќниот од оженетите луѓе беше очигледно кога одговараше на прашања во неодамнешното интервју во емисијата „Хејли и Макс“ на австралиското радио.
Интервјуто започна прилично невино, а Урбан рече дека отсекогаш уживал да свири во Аделаида. Сепак, работите станаа незгодни кога пејачот учествуваше во игра наречена „Ѕид на вистината“.

Водителот го праша Урбан за појавувањето на неговата сопруга во „љубовните сцени“, што го натера нагло да го прекине интервјуто што го даваше преку Зум.

кидман и кит развод

Еден од водителите конкретно го спомена актерот Зак Ефрон, кој се појави во интимна сцена со Кидман во филмот на Нетфликс од 2024 година „Семејна афера“.

„Што мисли Кит Урбан кога ја гледа својата прекрасна сопруга со убави помлади мажи како Зак Ефрон, како ги имаат овие прекрасни љубовни сцени?“, праша водителот на Урбан, Макс Бурфорд.

Урбан не одговори, а беше откриено дека го прекинал повикот.

Потсетете се дека синоќа американските медиуми објавија дека двојката се разведува по 19 години брак, додека TMZ тврдеше дека тие живеат одвоено од почетокот на летото оваа година.