Kivin методата: Револуционерна техника за орален секс
Kivin методата нуди нов пристап на револуционерна техника за орален секс која ќе го смени начинот на уживање.
Кога станува збор за кунилингус, повеќето луѓе инстинктивно се наведнуваат директно меѓу нозете на партнерката – лежечка поза, „face-sitting“, па и „69“. Класика која си функционира. Но, што ако постои техника која е поудобна за оној што дава задоволство, а воедно експлозивно поефективна ?
Добредојдовте во светот на Kivin методата – сексуална позиција која менува сè што мислите дека знаете за оралниот секс.

Што е Kivin методата?
Оваа техника, чие потекло останува мистерија, го менува аголот на пристап. Наместо да доаѓа „директно“, партнерот што дава орално задоволство се поставува попречно во однос на телото на партнерката, помеѓу нејзините нозе – подигнувајќи ѝ едно колено одстрана.
Според клиничката сексологинја д-р Стефани Герлих, оваа позиција овозможува подобар пристап до клитoрисот, вулвата и перинеумот, со значително помал притисок врз вратот – што значи, можеш да издржиш подолго без болка или замор. И тоа не е сѐ…
Зошто Kivin ја добива играта?
Според сексуалната терапевтка Манди Лонг, жените кои ја применуваат оваа орална техника често доживуваат поинтензивен оргазам – и тоа во рок од 10 минути, а некои дури и за 2-3 минути. Причината? Аголот создава попрецизна, но помека стимулација на клитoрисот, без да биде преинтензивна или непријатна.
Идеално е за жени на кои класичниот кунилингус им е „преголем притисок“. Со оваа техника, задоволството се гради постепено, но интензивно.

Како да ја практикувате Kivin методата – чекор по чекор
Подгответе ја сцената. Почнете со бакнежи и допири, дозволете возбудата природно да ве води.
Позиционирајте се. Жената лежи на грб и ја подига едната нога со свиткано колено. Партнерот се поставува под агол од 90 степени и се „подвлекува“ под кренатата нога.
Стабилност. Подигнатата нога може да биде на грбот на партнерот или да се придржува со рака.
Експериментирај. Играјте си со ритамот, јазикот, допирот. Ако не го наоѓате лесно клитoрисот поради новиот агол, користете прсти за да го откриете и воедно стимулирате.