Кети Пери и Џастин Трудо уловени на вечера во Монтреал

ЗанимливостиСелебрити

Кети Пери забележана на вечера со Џастин Трудо во Монтреал, само месец по разводот со Орландо Блум.

Само еден месец по нејзиниот развод од актерот Орландо Блум, американската пејачка и актерка Кети Пери повторно е во центарот на вниманието – овојпат поради заедничка вечера со канадскиот премиер Џастин Трудо.

Кети Пери и Џастин Трудо
Кети Пери и Џастин Трудо

Двајцата биле забележани во ексклузивниот ресторан Le Violon во Монтреал, каде, според очевидци, седеле еден наспроти друг покрај прозорецот и разговарале во опуштена и интимна атмосфера. Вечерата била збогатена со коктели и специјалитети од кујната, а готвачот лично излегол да ги поздрави. На крајот од вечерта, Пери и Трудо им се заблагодариле на целиот тим за исклучителната услуга.

Иако не е потврдено дали станува збор за романтична средба или само за пријателска вечера, моментот и околностите – веднаш по раскинувањето на Пери со Блум – ја отворија вратата за шпекулации. Папараците не мируваат, а социјалните мрежи веќе брујат со теории.

Кети Пери и Џастин Трудо
Кети Пери и Џастин Трудо

Да потсетиме, Кети Пери и Орландо Блум беа во врска речиси една деценија. Се верија во 2019 година, а веќе во 2020 ја добија ќеркичката Дејзи Дав. Разводот се случи тивко, но очигледно – животот оди понатаму.