Кавадарчанец со 2,92 промили алкохол во крвта, предизвикал сообраќајна незгода.
Вчера во Кавадарци, се случила сообраќајна незгода, во неа учествувале два патнички автомобили. Но, кога дошла полицијата да направи увид, еден од учесниците во сообраќајката, имал 2,92 промили алкохол во крвта, што веднаш бил лишан од слобода.
“На 21.07.2025 во 21.15 часот на улица „7 Септември“ во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода Р.С.(29) од Кавадарци. При преземање мерки во врска со претходно случена сообраќајна незгода во која учествувал тој со патничко возило „фолксваген“ со кавадаречки регистарски ознаки и патничко возило „пежо“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од Б.К.(31) од Кавадарци, било утврдено дека управувал возило по дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,92 промили алкохол во крвта. Р.С. бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.