Kарлеуша жестоко ѝ возврати на Тијана Дапчевиќ
Жесток јавен судир меѓу Карлеуша и Тијана Дапчевиќ. Пејачките разменуваат остри изјави по повод прекинатиот однос.
Нов медиумски пожар избувна на естрадната сцена по изјавата на Тијана Дапчевиќ дека повеќе не се дружи со Јелена Карлеуша, бидејќи „не е истата личност што некогаш ја сакала“. Изговореното брзо стигна до Карлеуша, која возврати со мошне остра реакција.
Во објава на социјалните мрежи, Карлеуша категорично негираше дека меѓу двете некогаш имало блиско пријателство:
„Искрено, едвај да знам која е оваа личност… а камоли дека сум се дружела со неа. Разбирам дека моето име се користи за да се добие наслов, но ова веќе ја премина мерката“, напиша таа.
Реакцијата следува по интервјуто на Тијана за каналот „FullScreenMedia“, каде што изјави дека Карлеуша „во еден период буквално го измислила шоу-бизнисот“, но дека, според неа, таа личност веќе не постои.
„Тоа повеќе не е Јелена што ја познавав. Многу ја сакав, искрено. Но нешто како д-р Џекил и мистер Хајд се случи. Немам никаква емоција кон неа“, рече Дапчевиќ.
И покрај тоа, Тијана нагласи дека не би имала проблем да разговара со Карлеуша, но дека „тоа повеќе не е тоа“ и дека емоциите исчезнале одамна.
Ситуацијата предизвика лавина реакции на социјалните мрежи, каде што обете пејачки имаат силни и гласни фан-бази.






