Како да одржувате Стаклена Површина на Шпорет без гребатини
Порано одржувањето на домот беше многу поедноставно, а за шпоретот ви требаше само бришење, хемиско средство за чистење и крпа. Меѓутоа, со зголемената употреба на стаклени површини за готвење, треба да бидете повнимателни бидејќи многу лесно се оштетуваат.
Имено, стаклената плоча за готвење бара понежен пристап, кој ќе ја остави површината сјајна и без гребнатини. Откако случајно ќе ја изгребете, тешко може да направите нешто за да ја зачувате и да ја вратите во првобитниот изглед. Најлесен начин безбедно да се исчисти стаклената плоча е да користите неабразивни сунѓери, заедно со производи за чистење специјално направени за овој тип на површина.
Челичната жица и разните груби четки не се соодветни, без разлика колку плочата е покриена со остатоци од изгорена храна. Треба да користите мек сунѓер или крпа, а кога сакате да ги избришете водените траги, пожелно е да користите крпи од микрофибер.
Платнените крпи со различни раствори за чистење се добар избор, затоа што се нежни, така што и ние имаме понежен пристам кон нив и посегнуваме прво на таквите крпи за чистење на стаклената површина. Неабразивноста е важна при изборот на средства за чистење и сунѓери.
Повеќето производи за чистење се абразивни и ќе ви ја изгребат стаклената површина, односно плотната, особено ако ги комбинирате со грубо чистење. Најдоброто средство за чистење е секогаш специјално направено средство за стаклени површини, ако сте во можност не ја пропуштајте шансата да набавите специјално средство за чистење стаклена плотна. Не го мешајте со обично средство за чистење стакло, кое би го користеле за прозорци. Овие производи не се исти, а средството за чистење стакло всушност може да да ја оштети вашата плотна.
Најлесен начин да ја одржувате стаклената површина на шпоретот или плотната за готвење чиста и без гребнатини, е брзо да ја избришете по секоја употреба, откако ќе се олади. Чистењето додека е жешка стаклената површина е голема грешка.
Затоа, откако ќе завршите со готвењето, отстранете ги сите трошки од храната од ринглата, а потоа испрскајте ја површината со средство за чистење и избришете ја со крпа.
Сепак, понекогаш е потребно поспецифично чистење. Во тој случај, кога ќе го испрскате растворот за чистење на површината, оставете го неколку минути за правилно да ја одмастите изгорената храна. Потоа можете да користите стругалка за да се ослободите од нечистотијата. Скреперот мора секогаш да биде влажен, остар и многу е важно да го користите под прав агол.
Бидете нежни и не истурајте премногу течност на површината бидејќи тоа може да создаде дамки. Кога ќе завршите, секогаш бришете ја даската додека не се исуши целосно.
Белиот оцет е добро познат како повеќенаменски трик за почиста кујна. Едноставно измешајте го со вода во шише со распрскувач во еднакви размери и ќе имате природен чистач за стакло без траги.