Како да ја уредите вашата спална соба според Фенг шуи

Дом и ДизајнЕнтериер

Откријте како да ја уредите вашата спална соба според фенг шуи и со тоа да внесете хармонија, позитивна енергија и внатрешен мир— во вашата соба, без да потрошите ниту еден денар.

Можеби фенг шуи звучи како далечна, егзотична филозофија резервирана за љубителите на источната мудрост, но вистината е дека многу од неговите принципи се едноставни, практични и целосно применливи во секој дом—па дури и без да потрошиш ниту денар.

Фенг шуи, древна кинеска уметност и наука, името доаѓа од зборовите ветар и вода и е дел од таоистичката традиција. Суштински, фенг шуи претставува обид да се постигне рамнотежа помеѓу луѓето и нивната околина. „Нашиот дом е огледало на нашата внатрешна состојба,“ велат дизајнерите.

Целта на фенг шуи е да ја усогласи енергијата на просторот со нашите лични цели и амбиции. Се работи за тоа како ги уредуваме предметите, што внесуваме во нашиот простор и како се грижиме за него. Во фенг шуи, секој предмет има своја енергија, дури и кога е потполно неподвижен или незабележлив. Правилната поставеност на мебелот, протокот на воздух и светлина, и дури и боите што ги користиме – сите овие аспекти можат да влијаат врз нашето расположение, одлуки и креативност.

Како да ја уредите спалната соба според фенг шуи

Секој дом има своја душа, но спалната соба е нејзиното срце. Ако сакате да внесете мир, љубов и здрава енергија во вашиот живот, уредете ја спалната според древните принципи на фенг шуи.

Идеално позиционирање на креветот

Најдобро е креветот да биде поставен до ѕидот кој е најдалеку од вратата, но не директно спроти неа. Зошто? Во кинеската култура, оваа позиција – наречена „позиција на ковчегот“ – се смета за несреќна, бидејќи така се изнесуваат починатите. Ако немате избор и креветот мора да биде поставен така, ставете клупа со висина над душекот или декоративен параван помеѓу креветот и вратата. На тој начин, ќе ја „скршите“ негативната енергија што доаѓа директно од влезот. Исто така, важно е секогаш да имате јасен преглед кон вратата од креветот – тоа внесува чувство на сигурност и контрола.

пална соба според фенк шуи
Спална соба според фенк шуи

Во фокусот е креветот – тој треба да биде стабилен, удобен а визуелно да создава чувство на “мини соба во собата”. Погледот треба да ви биде насочен кон некоја уметничка слика, ѕидот да биде офарбан со мирни бои, како светлосива, небесно сина или прашкасто розова. Користете меки материјали – памук, лен, кадифе – и воведете симетрија помеѓу ламбите и декорациите. Комбинирајте текстури: дрвен кревет со тапациран висок наслон, свилени завеси со ролетни. Оваа игра на спротивности создава хармонија – и телото и умот ќе се опуштат.

Во спалната соба, креветот треба да има простор од двете страни – не само за практичност, туку и за симболична рамнотежа меѓу партнерите. Дури и ако сте сингл, овој простор го повикува потенцијалниот партнер и испраќа порака дека сте отворени за љубов. Поставете ламби и ноќни масички од двете страни за да создадете симетрија и чувство на еднаквост.

Колку и да звучи како предизвик, електрониката не ѝ е место во спалната. Избегнувајте полначи и кабли зад главата. Користете батериски будилници, пригушени светилки, и оставете ги телефонот и лаптопот во друга просторија навечер.

складирање под кревет
складирање под кревет

Не складирајте под кревет

Иако звучи практично, просторот под креветот не треба да се користи за складирање. Секој предмет емитува енергија, дури и кога не го гледаме. Тоа може да предизвика немирен сон, анксиозност или хроничен замор. Ако немате доволно простор – минимизирајте. Спалната е вашето светилиште, не складиште.