Како @AdamW изгради мултимилионска империја

Занимливости

Како Адам Вахид ја изгради мултимилионската медиумска империја преку дигитална комедија?

Адам Вахид, познат како „Adam W“ е дигитален креатор кој со својот смартфон успеа да ги заобиколи традиционалните холивудски бариери и да изгради фан-база од над 55 милиони следбеници и мултимилионска медиумска империја. Заедно со новата генерација на дигитални комичари, тој го менува начинот на кој се создава и консумира комедијата, поставувајќи нови правила во шоу-бизнисот.

Како Адам се подготвува за снимање на сет

Во мај, на сончевите улици на Лос Анџелес, „Adam W“ се подготвува за снимање. Шминкерка го обликува неговото лице со екстравагантен изглед, додека тој ја прегледува последната верзија на скечот за синџирот за сендвичи Jimmy John’s. Неговата соработничка Хана Стокинг, која има 75 милиони следбеници на социјалните мрежи, исто така е во костум.

Следните седум часа тие снимаат 45-секунден дигитален скеч. Видеата на „Adam W“ се познати по апсурдноста и универзалната комичност, дизајнирани за глобална публика: минимален дијалог, максимален слепстик хумор. Ова видео кое го снимаа собра 100 милиони прегледи на Тик Ток.

Социјалните мрежи како бизнис

Со повеќе од 55 милиони следбеници на TikTok, Instagram и YouTube, „Adam W“. секој месец достигнува над една милијарда прегледи. Како што самиот вели: „Прво сакам да привлечам внимание, па ќе најдам начин како да заработам подоцна.“

Некогаш, комичарите се пробиваа низ измачувачки стоечки настапи или преку импровизациски академии како Second City. Адам  е дел од новата генерација креатори кои го прават тоа само со смартфон, користејќи дигитални платформи за брз пробив. Тој не е сам – други дигитални комичари како Khaby Lame, Brent и Alexa Rivera, Jake Shane и Hailey Kalil заедно имаат над 700 милиони следбеници и заработиле приближно 175 милиони долари во последната година. Само на YouTube,„Adam W“. има 20 милиони претплатници, повеќе од познатиот Saturday Night Live со 15 милиони.

Брендови и партнерства

Брендовите брзо препознаваат потенцијал во неговите скечеви. Во последната година, Адам заработи приближно 16,5 милиони долари преку Google AdSense и договори со брендови како T-Mobile, Old Spice и NFL. Но, тој не гледа на бренд содржини како на „дополнителна“ работа. Инвестира време и сопствени средства за рекламите да изгледаат органски, како продолжение на неговите видеа.

„Не се чувствувате како да гледате бренд видео, туку едноставно гледате „Adam W“.“, вели Ема Грибон, TikTok Creator Manager. Стратегијата дава резултати. „Целта е да го прошириме досегот кај млади, мултикултурни и интернационални фанови. Комедијата на Адам е создадена токму за тоа“, додава Иан Тромбета, маркетинг-менаџер на NFL.

Извор на инспирација и создавање

Скечевите на Адам В. се преувеличена верзија на секојдневниот живот. За идеи, тој се инспирира од сопствените искуства, трендовите на социјалните мрежи и актуелните вести. Како што вели: „Содржината мора да биде доволно забавна и привлечна за некој кој никогаш претходно не ме видел. Дали видеото е релативно? Дали е смешно? Дали ќе го насмее?“

За да го постигне тоа, тој користи квалитетна кинематографија и комплексни реквизити, а секој кадар е внимателно испланиран. „Потребна е мајсторија за да се вклопи сцената и финалето, и сето тоа да ги насмее гледачите“, вели Џастин Антони, раководител за партнерства во Meta.

Адам В

Интензивен ритам на работа

Животот на креаторот е напорен и динамичен. „Може да добиете 10 милиони прегледи на видео, а следниот ден некој друг добива 100 милиони. Мора постојано да ја одржувате статистиката“, вели Адам.
Снима нов скеч секој втор ден. Почнува во 9 наутро, развива идеја, снима и објавува до 14:30. Снима со iPhone, со тим од пет луѓе кои се грижат за продукција, светло и монтажа. „Кога сум под притисок, тогаш најмногу успевам“, додава тој.

Почетоци во шоу-бизнисот

Првиот обид во Холивуд, во 2015 година, не беше лесен. Роден во Квинс, а подоцна во Лонг Ајленд, во семејство со египетско и авганистанско потекло, Адам студирал на Southern Methodist University, каде играл фудбал на позиција дефензивен бек. По дипломирањето, се чувствувал изгубено. „Сестра ми рече: ‘Ти секогаш си смешен, пробај глумата’“.

Се преселил во ЛА, но успесите беа минимални – малку аудиции, без агент, ниту еден ангажман. Живеел со шест други луѓе во двособен стан во Норт Холивуд, работел како канцелариски асистент и паркинг-асистент. Од очај почнал да објавува видеа онлајн. Првите видеа беа неуспешни. Но неговиот четврти скеч, каде девојката вози ризично додека се шминка, стана вирален – 400.000 прегледи преку ноќ.

Во рок од шест месеци имал 500.000 следбеници и милиони прегледи, но сè уште бил без пари. Тогаш добил директна порака од маркетинг тимот на T-Mobile: понуда за 20.000 долари за видео. Потрошил 6.000 на продукција, видеото собра над милион органски прегледи. T-Mobile продолжи со едногодишен партнерски договор.

Adam W за Форбс
Adam W за Форбс

Нови проекти и иднина

Сега, кралот на кратки скечеви гледа кон подолги формати. Снима хорор-комедија во Канада и планира филмови – не за Холивуд, туку за социјални медиуми. „Зошто да не направам филм од 5 милиони долари и да го ставам на YouTube? Во следните пет години, YouTube, Instagram и TikTok ќе имаат престиж“, вели Адам.

Тој исто така работи на станд-ап настапи, како отворање на шоу во Сан Франциско. „11.000 прегледи онлајн може да ми изгледаат малку, но 11.000 луѓе во живо? Тоа не е шега“, додава тој.