РецептХрана

Јогурт Погачици

Брзи погачици со Јогурт и само 3 главни состојки – идеални кога немате леб. Совршени за солени или слатки комбинации, готови за 15 минути.

Ако случајно сте заборавиле да купите леб, не паничете – овие брзи Јогурт Погачици ќе ве спасат. Се прават од само неколку состојки што речиси секогаш ги имате дома, а вкусот е совршен и за солена и за слатка верзија. Послужете ги со намази, сувомеснати производи, сирење, џем или едноставно уживајте во нивниoт неодолив вкус – без ништо друго.

За овој Рецепт (за 4 лица) е потребно:

  • 2 Јајца
  • 300мл. Јогурт
  • 600г. Меко брашно
  • 1 лажичка Сол
  • 1 кесичка Прашок за Печиво
  • Масло за Готвење (ако не ги печете во аерофритеза)

Начин на подготовка:

1. Замесете го тестото.

Во длабок сад, со жица за матење изматете ги јајцата. Додајте го јогуртот и солта и убаво измешајте. Потоа, постепено додавајте го брашното заедно со прашокот за печиво и замесете средно меко тесто кое не се лепи на раце.

2. Обликување на погачиците

На побрашнета работна површина, развлечете го тестото со дебелина на прст. Со нож или калап исечете го на мали парчиња – по желба, направете мали засеци во средината.

3. Печење во тава

Во тава загрејте масло. Погачиците малку растегнете ги со раце и ставете ги да се пржат неколку минути од двете страни додека не добијат златеста кора.

Начин на подготовка #2:

Печење во аерофритеза:

Ставете ги на хартија за печење и печете ги 6 до 8 минути на 200°C. Превртете ги на половина време за рамномерно печење.

Совет:

Овие погачици се идеални за појадок, ужина или дури и како брз додаток на главното јадење. Во тестото можете да додадете ситно сечкано сирење, маслинки или зачини за дополнителен вкус.

Прочитај ме:  Традиционална Француска Салата - Salade Niçoise