Јадете благо без грижа на совест: Чоколаден крем од банана кој сите го обожаваат

Рецепт

Брз и здрав чоколаден крем со банана — природно сладок, кремаст и готов за 5 минути. Идеален десерт без грижа на совест.

Понекогаш за совршен десерт е доволно она што веќе го имате во кујната и пет минути добра волја. Овој крем од чоколадо и банана е токму тоа – брз, сочен, природно сладок и идеален за моменти кога ве изненадува желбата за нешто вкусно, а не сакате да правите неред во кујната.
Лесен е, поздрав од класичните слатки и може да биде сè: десерт, појадок во чаша или ужина што го спасува денот.

Состојки (за две порции):

  • 2 зрели банани

  • 100 г темно чоколадо (најмалку 60% какао)

  • 100 мл млеко

  • 1 лажичка какао

  • Прстофат сол (по желба, за да го засили вкусот на чоколадото)

За декорација:
Банани, рендано чоколадо, лешници или листови од бадем.

Начин на подготовка:

  1. Стопете го чоколадото на пареа или во микробранова печка, во кратки интервали со мешање.

  2. Во блендер ставете ги бананите, млекото, какао правот и стопеното чоколадо. По желба, додадете и прстофат сол.

  3. Блендирајте додека да добиете целосно мазен и кремаста состојка.

  4. Сипете во чаши или садови и украсете по вкус.

  5. Оладете 15–30 минути ако сакате погуст крем или консумирајте веднаш ако сакате помека текстура.

Мала напомена:
Бананите даваат природна слаткост, па дополнителен шеќер не е потребен. Доколку сакате поинтензивно благо, додадете лажичка мед или јаворов сируп.