Ивона Антова, 21-годишна девојка од Кочани не починала веднаш, туку молела за помош!

ВестиМакедонијаСеверна Македонија

Стојка Иванова Антова, мајка на една од жртвите од Кочани на својот Фејсбук профил објави статус кој многумина остави од шок.

“ЈАВЕН АПЕЛ: ПРАВДА ЗА ИВОНА АНТОВА – ЧЕДОТО ШТО ГО ОСТАВИЈА САМО ВО СМРТТА
Нашата ќерка, Ивона Антова, 21-годишно девојче со огромно срце и љубов кон животот, планинарењето и модата, трагично го загуби животот на 16 март 2025 година. Но таа не беше само жртва на пожарот – таа беше оставена сама, беспомошна, претепана и без медицинска грижа, додека бараше спас”напиша мајката на девојчето.
ИВОНА АНТОВА
ИВОНА АНТОВА

Во продолжение семејството пишува “Во тие последни часови, Ивона самата ја снимила својата борба, како ја буткаат,паѓајќи на земја,молејќи се за помош, повикувајќи „брааат, дај рака, помогни“ ,брат,браааат– но никој не ѝ подаде рака. Наместо спас, добила удари и игнорирање од тие што биле околу неа.

Ја најдовме во болницата – оставена сама на интерно одделение, без кислород, само покриена со ќебе, на перница со флека од последните здивови. Татко ѝ ја најде легната на страна, со рачето под главата, како да се обидела да стане, а не можела. Јас, нејзината мајка, не можев ни да ја видам – бев во шок, приклучена на инфузија, а срцето ми умираше со неа.
Ивона не умре веднаш од пожарот. Таа беше до вратата за излез,чекајќи се бореше, снимаше цело време и сликаше како ја бутаат другарите,се молеше за помош, но беше оставена од сите. Не доби помош кога најмногу ѝ требаше.”
ИВОНА АНТОВА
ИВОНА АНТОВА
Семејството е бесно на системот и бараат правда за нивното чедо. Бараат тие што затаија и тие што ја оставија да одговараат. Бараме да не се заборави оваа неправда – затоа што никое дете не заслужува да умира само, во болка и страв, следи понатаму во статусот.
Се надеваме дека брзо ќе има правда за Ивона за овој млад живот и за сите трагично загинати млади деца во страшната несреќа во Кочани!