Индиско дете усмрти кобрата и ја гризна главата
Двегодишно дете од Индија усмрти отровна кобра и ја гризна главата! Херојството на малиот Говинда го шокираше светот.
Во неверојатен и речиси надреален инцидент во Индија, двегодишно дете по име Говинда Кумар стана светска сензација откако со сопствените заби ја усмртил отровна кобра долга еден метар.
Случајот се случил во селото Банкатва, во округот Вест Чампаран, пред домот на малиот Говинда. Детето наишло на кобрата и, не разбирајќи ја опасноста, фрлило камен кон неа. Разбеснетата змија веднаш скокнала и му се завиткала околу раката.
Во момент на инстинктивна самоодбрана, детето ја гризнало кобрата директно во главата – и ја усмртило на самото место. Во тој момент, Говинда паднал во несвест.
„Кога ја видовме змијата на раката на детето, сите потрчавме кон него, но тој веќе ја беше гризнал и ја убил“, изјави неговата баба Матешвари Деви.
Малиот херој веднаш бил префрлен во локален здравствен центар, а потоа во GMCH Медицинскиот колеџ во градот Бетија. Докторите таму потврдиле дека кобрата навистина починала од повредите на главата предизвикани од детскиот угриз.
Иако змијата е мртва, Говинда не поминал без последици – дел од нејзиниот отров влегол во неговиот организам при гризењето. Тоа предизвикало сериозни симптоми, но благодарение на брзата реакција на медицинскиот тим и навремениот третман, детето било спасено.
„Отровот го погоди, но не фатално. Благодарение на навременото лекување, детето преживеа“, изјави д-р Сураб Кумар. Моментално, Говинда е под постојан надзор и добива терапија, вклучително и лекови против алергии.
Овој шокантен случај го отвори прашањето: инстинкт или чудо?
Колку и да звучи како сцена од акционен филм, оваа вистинска приказна го фрла светлото на природниот инстинкт за преживување – дури и кај дете што едвај научило да зборува.