Гвардиола алармира за геноцидот во Газа

ГазаСветСелебрити

Пеп Гвардиола остро ја критикува глобалната тишина за геноцидот во Газа, велејќи дека „не мрдаме со прст“ додека луѓето умираат пред нашите очи.

Во интервју за шпанското списание GQ, Пеп Гвардиола, еден од најтрофејните и најпочитувани фудбалски тренери во светот, не се задржа само на спортските теми. И покрај професионалните успеси со Манчестер Сити, тој упати жестока критика кон глобалната рамнодушност за хуманитарната катастрофа што се случува во Појасот Газа.

„Среќен сум затоа што работам со некои од најдобрите луѓе во светот, со здрави, посветени спортисти. Но, додека ние играме фудбал, само на неколку часа од нас, се случува ужас што светот го игнорира“, рече Гвардиола, со очигледна горчина.

Тренерот на Манчестер Сити се осврна на секојдневните страдања на цивилното население во Газа, кое е мета на постојано израелско бомбардирање. Посебно го вознемирува фактот што, и покрај очигледната хуманитарна катастрофа, Израел не дозволува влез на доволна хуманитарна помош во регионот.

„Не мрдаме со прст за трагедија што е на три или четири часа од нас. Како општество, изгледа дека ја изгубивме човечноста“, изјави Шпанецот. „Денес можеме да го гледаме сето тоа во живо, на телевизија, на социјалните мрежи, и сепак – не реагираме.“

Гвардиола често бил гласен кога станува збор за општествени неправди. Неговите изјави се надоврзуваат на неодамнешните предупредувања од Обединетите Нации, кои алармираа дека Газа се соочува со „страшни нивоа на смрт и уништување“. Светската организација повика на итен хуманитарен пристап и престанок на насилството, но без значителен ефект.

Овој потег на Гвардиола е потсетување дека спортот, и покрај својата забава и слава, не треба да биде изолиран од реалноста. Тој не само што ги освои највисоките врвови во фудбалот – со шест титули од Премиер лигата, два ФА купа, четири Лига купови и еден трофеј од Лигата на шампионите – туку и покажува дека улогата на еден тренер не завршува на клупата.

Прочитај ме:  Мајкл Мадсен пред смртта се борел со алкохолизам и правни битки

Во свет во кој молкот честопати значи соучесништво, Гвардиола избра да проговори.