Гори депонија во Визбегово
Од 9 часот гори депонија во Визбегово се шири непријатна миризба и се слушаа детонации.
Од рано сабалје од 9 часот црн густ чад се издигна низ Скопје, граѓаните беа загрижени и се жалеа на лоша миризба и тешко дишење. Подоцна се дозна дека гори депонија во Вибегово, на терен излегоа инспекции и МВР. Во моментот кога дошла полиција да го приведе А.Н. сопственикот кој управувал со оваа депонија, дошло до физичка пресметка.
Нападната била и телевизиска екипа која прва пристигнала на местото на настанот. Според првични информации, еден од вработенитеи физички ги нападнал и им ја скршил телевизиската камера. Пожарот сеуште не е локализиран, постои и опасност да се прошири поради ветерот и да дојде до соседните куќи.