Голем пожар во Батинци
Голем пожар во Батинци, а огнот поради ветрот се шири со голема брзина. На терен се екипи од Скопската Бригада за противпожарна заштита и спасување.
Во текот на денот избувна голем пожар на отворен простор над скопското село Батинци, кој зафати трева, грмушки и мешана шума.
Поради силниот ветер, огнот се шири со голема брзина. На терен веднаш интервенираат екипи на Скопската Бригада за противпожарна заштита и спасување. На лице место е и директорот на ЦУК Мухамед Али. Според првичните информации се работи за намерно подметнат пожар.