Гевгелија град на сонцето, историјата и виното
Гевгелија – историја, природа, гастрономија и фотографии од градот на југот на Македонија. Откријте зошто оваа дестинација е сѐ повеќе посакувана од туристите.
Гевгелија е повеќе од само граничен град – таа е живописна точка каде што историјата, природата и модерниот живот се преплетуваат во единствена симфонија. Сместена на самата јужна граница на Македонија, веднаш до Грција, ова мало, но значајно гратче често го нарекуваат и “македонскиот Монте Карло” – не само поради блескавите светла на казиното, туку и поради медитеранскиот дух што струи низ секоја негова улица.

Историја на градот
Гевгелија има длабоки историски корени. Според археолошките наоди, просторот бил населен уште од неолитскиот период. Во времето на античките Пајонци и подоцна во римската империја, ова подрачје било дел од значајни трговски и воени патишта. Остатоци од римски патишта, монети и руини сведочат за бурното и динамично минато.

Во османлискиот период, Гевгелија се развива како трговски центар, а со изградбата на железничката линија Солун-Скопје кон крајот на 19-тиот век, градот добива уште поголемо значење. По ослободувањето, Гевгелија станува важен индустриски и културен центар, кој со текот на времето ја гради својата модерна, но топло традиционална слика.
Природни убавини: Рај меѓу планините и реките
Гевгелија е благословена со пријатна медитеранска клима, што ја прави идеална за одгледување лозје, маслинки и овошје. Не случајно, токму тука се произведуваат некои од најквалитетните македонски вина.

На само неколку километри од центарот се наоѓа планината Кожуф, позната по зимските спортови и еко-туризмот. Планинскиот воздух, бујната природа и чистите извори прават од овој регион оаза за љубителите на авантурите.
Покрај тоа, Локалитетот Смрдлива вода, иако има чудно име, тука има минерални извори кај народот познати како „Смрдлива вода“ од каде што и целата месност го добила своето име. Се нарекуваат така поради непријатната миризба на водата на „расипано јајце“. По својот хемиски состав се хидрокарбонатни, минерализирани, слабо кисели води.

Се користат преку пиење за лекување на стомачните заболувања, потоа камен во бубрегот, песок и поситен камен во мочните патишта, воспаление во мочните органи и сл. Чистиот планински воздух и лековитоста на водата придонеле таа да се користи од месното население уште меѓу двете светски војни, а по втората светска војна се изградиле и капацитети за сместување и престој на посетителите. Освен дрвја, вода за пиење имате и прекрасна природа, пространи дабови и букови шуми има и дивеч, често може да се сретне еленот.

Култура, гастрономија и модерна душа
Гевгеличани се познати по својата гостопримливост, топлина и жив карактер. Во градот се одржуваат разни културни манифестации, меѓу кои најпозната е Вкуси го југот, каде што можете да вкусите одлично локално вино и традиционална гевгелиска скара.
Гастрономијата во Гевгелија е вистински heaven for foodies – комбинација од македонска, балканска и грчка кујна. Од свежа риба, вкусни сарми и ајвар, до незаменливата гевгелиска пита и домашна мастика – тука се мириса на југ.

Моментално граѓаните на Гевгелија ни кажаа дека за летно време најпознато место е Coconut Pool & Lounge Bar, место каде имате бар, вкусна храна, огромен базен и терени за одбојка на песок и кошарка.

Во Гевгелија има доста убави хотели и казина во кои исто така може да одморите или да уживате во нивните базени.
Фотогеничен град: каде камерата не мирува
Гевгелија е визуелен рај. Од колоритните улици со шарени фасади, преку стариот железнички мост, до виноградите под вечерното сонце, овој град е перфектен за сите кои сакаат да фотографираат урбана поезија и природен баланс.
Фотографски локации што не смееш да ги пропуштиш:
Панорамскиот поглед од Кожуф
Реката Вардар во златен час

Стариот дел на градот
Тополите покрај патот кон Богородица
Казино хотелите во ноќен сјај