Фотографиите на Џастин Бибер со синчето Џек предизвикаа бурни реакции
Џастин Бибер предизвика критики со нови фотографии со синчето Џек, каде што се гледа како пуши трева. Фановите бараат одговорност, а Хејли Бибер се обидува да ги смири страстите.
Поп-ѕвездата Џастин Бибер повторно се најде во центарот на вниманието, но овојпат не поради нова песна, туку поради контроверзни фотографии со неговиот син Џек Блуз, објавени на неговиот Instagram.
Во албумот на летни фотографии, 31-годишниот пејач го носи својот деветмесечен син на рамена, а на една друга слика се гледа како, полугол и облечен само во сини шорцеви, седи на кауч и си игра со стапалата на бебето. Иако на прв поглед сцените изгледаат семејно и весело, многу фанови беа шокирани од контекстот.
Имено, на истиот кауч и со истата облека се појавуваат и во други фотографии каде што Џастин пуши џоинт заедно со пријател. Ова покрена лавина критики на социјалните мрежи, каде што корисници го обвинија пејачот за „неодговорно родителство“ и го повикаа да биде „подобар пример“ за своето дете.
„Прошетај нè низ процесот на избор на фотографии, братче“, напиша еден од неговите следбеници.
Друг пак додаде: „Ова личи на MTV кампања за тинејџерски татковци.“
Некои коментари беа особено остри:
„Сериозно, пушиш трева покрај бебето?“
„Остатоците од чад на мебелот и облеката (познато како третостепен чад) се исто така штетни. Сега си родител. Однесувај се така.“
Иако имаше и фанови кои го бранеа Бибер, велејќи дека „не пуши во присуство на детето“, но повеќето од коменарите беа критики за Џастин и неговото однесување како родител.

„Тој е мојот приоритет. Најважната личност во мојот живот“, изјави таа.
„Со мајчинството доаѓа една самодоверба. Едноставно, повеќе не ти е гајле за глупости. Немаш време, немаш енергија.“
Хејли, која неодамна ја продаде својата козметичка компанија Rhode за неверојатни една милијарда долари, исто така ги демантираше гласините за развод:
„Мислиш дека кога ќе добиеш дете, луѓето ќе се смират. Ама не. Ама ние очигледно сме решени да бидеме бесни до крај.“