АнглијаЗанимливостиФилмХоливуд

Факти за Хари Потер, кои можеби не сте ги знаеле

Дали сте знаеле дека книгата за Хари Потер е најпродаван серијал во историјата, со над 600 милиони продадени примероци ширум светот.

За обожавателите на Хари Потер, тоа не е само книга или филм, тоа е вистински свет каде што сакаат да избегаат од реалноста додека го гледаат филмот или ја читаат книгата. За книгата и за филмот Хари Потер има многу интересни факти, што можеби и најголемите фанови не ги знаат. Во продожение ќе ви наброиме неколку од нив…

1. Ј.К. Роулинг (писателката на Хари Потер) и Хари Потер имаат роденден на ист ден, а тоа е 31 јули.

2. Секогаш кога ги гледавте Хари, Рон и Хермиона како пишуваат училишни задачи во филмовите, Даниел Редклиф, Руперт Гринт и Ема Вотсон всушност си ја пишуваа нивната домашната задача.

3. Роби Колтрејн, кој го игра ликот на Хагрид во филмовите, беше првиот актер што доби улога за серијалот.

4.  Ако погледнете внимателно, ќе забележите дека лузната на Хари на корицата на книгата и во филмот е на различно место. На книгите, лузната е на средината на челото, во филмот лузната на Хари е десно на челото.

5. Во книгите Хермиона има неправилен распоред на забите каде што предните заби и се понапред, во филмот на почетокот актерката Ема носела вештачки заби, но неможела правилно со вилицата да ги кажува зборовите, па режисерот и рекол да ги извади.

6. Писателката Роулинг првите пет години откога почнала да го пишува Хари Потер, само смислувала имиња на ликовите во книгата и какви волшебници ќе бидат, какви моќи ќе имаат,а потоа почнала да ја пишува приказната.

Прочитај ме:  Меколи Калкин и Бренда Сонг откриваат зошто не се Венчале

7. Гозбите што ги имаа во училиштето беа вистински, со вистинска храна, но за жал не уживаа многу во гозбата актерите. Храната многу бргу се расипувала, од жешкото бидејќи имало премногу светло на сетовите.

8. Во вториот филм, има една сцена каде Хари објаснува дека му недостасува чорап. За таа сцена, актерот Редклиф мораше да ја избричи едната нога.

9. Актерите Редклиф и Гринт кои ги глумат Хари и Рон, признаа дека за време на снимањето и двајцата на почетокот биле заљубени во Ема Вотсон актерката што ја глими Хермиона.

10. Том Фелтон за малку немаше да го глуми ликот на Драко – бидејќи тој се пријавил на аудиција за улогите на Хари и Рон.

Мрачната Мирта - Хари Потер

Ширли Хендерсон актерката, која ја играше 14-годишната Мрачната Мирта, имаше 36 години кога започна снимањето.

12.Името Волдеморт доаѓа од француските зборови што значат „летот на смртта“.

13.На актерите не им било дозволено да тренираат никакви контактни спортови за време на снимањето, бидејќи не биле безбедни, па затоа играле само голф во слободното време.

14. Шминкерите во филмот лузната на Хари jа нацртале повеќе од 2.000 пати, а Редклиф сменил низ 160 пара очила.

15. Ликот за Мрачната Митра, писателката инспирација нашла во девојките кои во секојдневниот живот ги сретнувала во тоалетите како плачат, најчесто во ноќните клубови.

16. Редклиф за време на снимањето скршил 80 волшебни стапчиња, бидејќи ги користел за да чука на тапани.

17. Роулинг изјави дека жали што ги спои Рон и Хермиона во книгата, велејќи дека тоа го направила поради „исполнување на желбите”.

Прочитај ме:  Кајли Џенер - Тајната на нејзиниот милионски успех

Хермиона и Рон - Хари Потер