Ердоган не го пушташе прстот на Макрон на самитот

ВестиВидеоСветТурцијаФранција

Кратко видео од ракување меѓу Ердоган и Макрон предизвика реакции и толкувања за невербалната комуникација меѓу двајцата лидери на самитот во Албанија.

Необична интеракција меѓу турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и францускиот претседател Емануел Макрон стана вирална по шестиот самит на Европската политичка заедница што се одржа во петокот во Албанија.

На снимката се гледа како двајцата лидери се ракуваат, при што Ердоган со левата рака го фаќа Макрон за десната, ја повлекува кон себе и потоа почнува да го тапка со својата десна рака. Во тој момент, Макрон со левата рака ја притиска десната рака на Ердоган, обидувајќи се да го прекине контактот.

Ситуацијата станува уште понеобична кога Ердоган со десната рака го фаќа показалецот и средниот прст од левата рака на Макрон. Францускиот претседател успева да го извлече показалецот, но Ердоган продолжува да го држи неговиот среден прст уште неколку секунди, не пуштајќи го.

Овој гест предизвика бројни реакции и шпекулации на социјалните мрежи. Дел од турските медиуми пренесуваат дека ваквото однесување на Ердоган било реакција на обидот на Макрон да воспостави психолошка доминација со тоа што му ја ставил раката на рамото, што во дипломатски протокол може да се протолкува како демонстрација на супериорност.