Емили Ратајковски во досега најжешкото издание

Живот и СтилМодаСелебрити

Емили Ратајковски го покажа своето тело во длабоко изрезан костим за капење од сопствениот бренд Inamorata.

Aмериканската манекенка и актерка Емили Ратајковски повторно ја крена температурата на социјалните мрежи, позирајќи во длабоко изрезан костим за капење од нејзиниот сопствен бренд Inamorata, вреден 160 долари. Провокативниот дизајн веднаш ги освои фановите, а многумина го опишаа како „најсмелото парче“ што досега го понудил нејзиниот моден бренд.

Емили Ратајковски
Емили Ратајковски

Со самодоверба и сексапил, Емили уште еднаш го докажа својот статус на модна икона, добивајќи илјадници лајкови и коментари од обожавателите. „Неверојатно убава“, „Најубавата жена што постои“ и „Фала ти за овие фотографии“ се само дел од пофалните коментари. Некои, пак, со хумор ја споредија со култниот лик Борат поради смелиот крој на костимот.

Но, Емили деновиве не е актуелна само поради изгледот – неодамна на Netflix беше објавена новата серија “Too Much”, каде што таа ја толкува улогата на инфлуенсерка по име Венди. Серијата е режирана од нејзината блиска пријателка Лена Данам, а покрај Ратајковски, глумат и Меган Сталтер, Вил Шарп, Лео Рајх, Дејзи Беван и други.

Емили Ратајковски

Во интервју за Variety, Емили зборуваше за пријателството и соработката со Лена Данам, објаснувајќи како добила инспирација и поддршка од жените околу себе, особено во младоста:

“Од секогаш разговаравме за жените со кои се чувствуваме поврзани на некој чуден начин, иако не ги познаваме лично. Секогаш сме биле за меѓусебна поддршка, но кога си помлад, тоа не го правиш секогаш, било од страв, било од некој одбранбен механизам“, изјави Ратајковски.”

Емили Ратајковски

Со комбинација од гламур, интелигенција и став, Ратајковски продолжува да ја дефинира новата ера на модерната слава – таа е и модел, и актерка, и феминистичка икона која ги поместува границите и на модата и на холивудската сцена.