Два нови случаи на врсничко насилство

ВестиМакедонија

Два нови случаи на врсничко насилство, еден од нив и заврши пред обвинител!

На 26 септември 2025 година, во 13:30 часот, во СВР Скопје, С.П. (44) од Скопје пријавила дека подолг временски период три малолетнички ја следеле, вознемирувале и упатувале закани кон нејзината 14-годишна ќерка. Дополнително, на 24 септември 2025 година, истите лица ѝ упатиле закани преку мобилна апликација. За овој настан е известен јавен обвинител, а се преземаат соодветни мерки за расчистување на случајот.

Неколку часа подоцна, на 26 септември 2025 година, во 13:45 часот, во СВР Скопје, Т.Т. (57) од Скопје пријавил дека на 25 септември околу 11:30 часот во спортска сала на основно училиште на подрачјето на Чаир, неговиот малолетен син бил физички нападнат од неколку соученици. И за овој случај се преземаат мерки за целосно расчистување.

Случаите повторно ја потенцираат потребата од континуирано следење на однесувањето на малолетниците и превентивни мерки за заштита на децата од насилство и вознемирување, како во дигиталниот свет, така и во училиштата.