Домашна Шеќерпаре – Традиционален турски десерт
Најдобариот рецепт за традиционалната шеќерпаре– меко тесто со гриз, прелиено со шербет.
Ако сте љубител на сочни ориентални десерти, тогаш шеќерпарата е вистинскиот избор за вас! Со неодолива комбинација од меко тесто, арома на путер и ванила, и шербет овој десерт ќе ви стане омилен. Подолу ви го претставуваме рецептот за совршено домашна шеќерпара што секогаш успева!

Состојки за шеќерпаре
За тестото:
4 чаши бело брашно (околу 480 г)
5 полни лажици гриз
180 г путер на собна температура (околу 13 лажици)
2 јајца (едно жолчка се чува за премачкување)
1 чаша шеќер во прав
1 кесичка прашок за пециво
- 1 кесичка ванила
За шербетот:
3½ чаши шеќер
3½ чаши вода
2-3 капки лимонов сок
За премачкување:
1 жолчка од јајце
Подготовка чекор по чекор

1. Подготовка на шербетот:
Во тенџере измешајте шеќер и вода. Ставете да зоврие на среден оган. Кога ќе почне да врие, додадете неколку капки лимонов сок и варете уште 5 минути. Тргнете го шербетот од оган и оставете да се излади целосно.
2. Замесување на тестото:
Во длабок сад ставете ги сите состојки освен гризот и брашното. Измешајте ги добро со рака или миксер. Потоа додадете го гризот и постепено додавајте го брашното додека не добиете меко, нелепливо тесто.
3. Обликување:
Од тестото земајте парчиња со големина на орев и обликувајте ги во овална форма. Наредете ги во претходно подмачкан плех. Премачкајте ги со жолчка и со вилушка направете декорација одозгора.
4. Печење:
Ставете ги да се печат во загреана рерна на 180°C (без вентилатор) околу 20 минути или додека не добијат златно-жолта боја. Секој шпорет е различен – проверувајте од 15-тата минута.
Натопување со шербет:
Извадете ги шеќерпарето од рерна и оставете ги 2-3минути да се оладат, може одозгора да додадете и мелен ф’стак. Потоа, прелејте ги полека со изладениот шербет. Немојте да го истурите одеднаш – полевајте го постепено за тестото да не се распадне.
Совети за совршена шеќерпаре:
Секогаш полевајте со ладен шербет врз топол десерт – така најдобро се впива.
Не користете вентилатор додека печете – површината ќе изгори, а внатрешноста ќе остане сурова.
Оставете ги шекерпарето да одморат барем 2 часа пред сервирање – вкусот значително се подобрува!