ВидеоРецептХрана

Домашен Леб со вкус и текстура како од Пекарa – Совршен рецепт!

Направете совршен домашен леб со вкус и текстура како од пекарница! Откријте лесен рецепт за мек, воздушест и неодолив леб со крцкава кора.

Нема ништо подобро од мирисот на свежо печен леб во вашиот дом! Доколку сакате да направите леб со вкус и текстура идентична на оној од пекарница, тогаш овој рецепт е совршен за вас.

Овој проверен рецепт го најдовме на популарниот Јутјуб канал Silvana’s Kitchen, кој ветува дека лебот ќе биде „мек како душа“. Подготовката е едноставна, а резултатот – неодолив!

За овој Рецпт е потребно:

  • 1,2 кг Брашно
  • 4 лажички Сув Квасец
  • 2 лажички Сол
  • 1 лажичка Шеќер
  • 100 мл Масло
  • 850 мл топла Вода

Начин на подготовка:

  • Подготовка на тестото: Измешајте ги сите суви состојки во длабок сад. Додајте го маслото и постепено сипувајте ја водата додека месите. Можете да го направите и во блендер за побрз процес. Месете неколку минути додека не добиете мазно и еластично тесто.
  • Прво стасување: Преместете го тестото во подмачкан сад, покријте го со крпа и оставете да нарасне околу 30 минути.
  • Второ месење: По стасувањето, измесете го тестото уште еднаш и оставете да одмори 20 минути.
  • Формирање на лебовите: Поделете го тестото на два дела. Развлечете секое парче со сукало на дебелина од околу 1 сантиметар, а потоа завиткајте го во форма на класичен леб. Покријте ги повторно и оставете да одморат 20 минути.
  • Финални чекори пред печење: Премачкајте ги со вода и направете неколку засеци одозгора за да добиете убава кора.

Печење:

Ставете тава со топла вода во рерната за да создадете пареа. Печете на 200°C околу 15 минути.
Потоа, извадете го садот со вода и продолжете со печење уште 20 минути на иста температура.

Резултат:

Ќе добиете леб со крцкава кора и меко, воздушесто внатрешно тесто кое ќе ве освои со првиот залак! Овој метод на печење гарантира совршена текстура и вкус како од врвна пекарница.

Совет: За уште подобар вкус, откако ќе се испече, покријте го лебот со чиста кујнска крпа и оставете да се излади – така ќе остане уште помек и повкусен!

Зошто овој рецепт е посебен?

  • Лесна подготовка – без сложени чекори или скапи состојки
  • Мека внатрешност и крцкава кора – како од најдобрата пекарница
  • Домашен и здрав – без адитиви и конзерванси

Ако сакате вашиот дом да мириса на свежо печен леб, пробајте го овој рецепт и уживајте во секој залак!