СелебритиХоливуд

Џесика Алба на одмор со децата среде развод: Фотографии од Хаваите го топат интернетот

Џесика Алба, среде развод по 17 години брак со Кеш Ворен, објави фотографии од семеен одмор со децата на Хаваите. Актерката ужива со блиските, додека се решаваат прашањата околу имотот и старателството.

Џесика Алба на плажа

Иако се наоѓа среде развод по 17 години брак со Кеш Ворен, холивудската ѕвезда Џесика Алба не дозволи животните турбуленции да ѝ го нарушат семејното време. Таа неодамна објави серија фотографии на Инстаграм од семеен одмор, каде видно ужива со нивните три деца.

Иако локацијата не беше експлицитно откриена, острите очи на нејзините следбеници, анализирајќи ги деталите на фотографиите, заклучија дека се работи за хавајскиот остров Кауаи. На одморот, покрај децата, ѝ се придружија и блиски пријатели, со кои актерката очигледно ужива во безгрижни моменти, далеку од правните процедури.

Веста за разводот официјално беше потврдена од Алба на 16 јануари преку објава на Инстаграм, само една недела откако почнаа да кружат гласини за нивната разделба. Во емотивната објава, таа истакна дека изминатите години ги поминала на пат на себеоткривање – и како индивидуа и како партнерка во бракот со Кеш.

Се шпекулира дека Џесика планира да го врати своето моминско презиме, со што симболично би означила ново животно поглавје. Во тек е процесот на развод, при што треба да се решат прашањата околу поделбата на заедничкиот имот и старателството над нивните деца – ќерките Онор Мари и Хевен Гарнер, и синот Хејс. Обајцата родители се залагаат за заедничко старателство.

Љубовната приказна на Џесика и Кеш започна во 2004 година, на снимањето на филмот „Fantastic Four“, каде Ворен работеше како асистент во продукција. Врската брзо еволуираше, а нивниот брак беше склучен во 2008 година на интимна церемонија во Лос Анџелес. Џесика често говореше за нивната динамика како пар, нагласувајќи дека иако предизвиците од родителството и кариерата знаеле да бидат интензивни, истите ја зацврстиле нивната поврзаност.