Џенифер Лопез го прослави 56. роденден во Анталија

АмерикаЗанимливостиСелебрити

Џенифер Лопез го прослави 56. роденден со гламурозна забава во Анталија, во провокативен фустан и танцувајќи на својата нова песна.

Американската музичка дива Џенифер Лопез не познава граници кога станува збор за стил, самодоверба и шоу. За својот 56. роденден таа приреди спектакуларна забава во Анталија, Турција, која делуваше повеќе како црвен тепих отколку приватна прослава. И секако – сè беше документирано на социјалните мрежи.

Храбар стајлинг за огнен роденден

За оваа посебна вечер, Џеј Ло одбра смела, длабоко изрезен фустан во кој главната улога ја доби нејзиниот деколте. Со совршено исфенирана коса, прецизно нанесена шминка и блескав накит, таа уште еднаш покажа зошто е модна икона и на прагот на седмата деценија. Едноставно – не старее!

Пејачката уживаше во интимна, но луксузна атмосфера со најблиските пријатели. На видеата што ги објави на Instagram, може да се види како разиграно танцува покрај тортата, а придружба ѝ прави нејзината нова песна “Birthday”, која буквално ја претвори прославата во мини концерт.

Меѓу фотографиите од хотелската соба и настапите, Џеј Ло сподели и емотивна фотографија од своето детство, со што потсети дека иконите не се раѓаат, туку се создаваат – чекор по чекор.

Сепак, не мина сè без провокации. Веќе е во тек нејзината турнеја “Up All Night: Live in 2025”, каде неодамна на концерт во Тенерифе симулираше секс на сцена – потег што предизвика лавина критики на интернет. Наместо да се повлече, таа директно се обрати на своите фанови:

“Има денови… можеби затоа што е ново време за мене, можеби затоа што е лето и надвор е жешко, чувствувам дека сум малку поразиграна. Сте се чувствувале ли така? Тие денови – сакам сè побрзо.