Џенифер Анистон проговори за аферата со Барак Обама
Џенифер Анистон проговори за гласините кои неодамна се шират во јавноста, во врска со нејзината наводна врска со поранешниот американски претседател Барак Обама.
Сè започна кога се појавија тврдења за наводна криза во бракот на Барак и Мишел Обама. Особено внимание привлече фактот што Мишел неодамна не присуствуваше на некои значајни настани, вклучувајќи го и погребот на поранешниот претседател Џими Картер и инаугурацијата на Доналд Трамп.
Медиумите почнаа да шпекулираат за можна врска меѓу Џенифер Анистон и Обама, што предизвика бурни реакции во јавноста. Извори блиски до актерката велат дека Џенифер решила да дејствува за да стави крај на овие лажни гласини, кои не само на Мишел Обама, туку и на неа и наштетија.
Џенифер Анистон, да се потсетиме, беше мета на слични приказни во минатото, особено за време на бракот со Бред Пит, кога медиумите тврдеа дека Бред ја изневерувал со Анџелина Џоли.
Џенифер Анистон, исто така, во неколку наврати ги демантираше овие гласини, објаснувајќи дека едвај го познава Барак Обама, во емисијата на Џими Кимел, кога водителот прикажа фотографија, од насловна страна на таблоид, која беше убедлива дека таа е во врска со Обама. Џенифер се насмеа велејќи дека не е лута, туку дека целата ситуација и е многу смешна.
“Само еднаш сум го видела кога го запознав. Мишел ја познавам многу подобро од него”, рекла таа.
Исто така, нејзиниот тим за односи со јавноста ги осуди овие тврдења, нарекувајќи ги чисти измислици.