Денес нов напад на жена во Кавадарци, мажот ја нападнал со нож

ВестиМакедонија

Денес нов напад на жена, овојпат во Кавадарци, маж на 35-годишна возраст ја нападнал со нож и ја следел сопругата со ГПС.

Кавадарчанка пријавила во полиција дека нејзиниот сопруг, М.Б., 35-годишен, физички ја нападнал, ѝ се заканувал со нож, а и во нејзиното возило поставил GPS – локатор за следење.

Насилникот не е уапсен, туку полицијата, односно, полициските службеници со него извршиле службен разговор.

„Во ОВР-Кавадарци денеска е извршен службен разговор со М.Б., 35-годишен кавадарчанец, постапувајќи по претходна пријава од неговата 36-годишна сопруга, дека во семејниот дом физички ја нападнал и ѝ се заканувал со остар предмет и дека во нејзиното возило поставил ГПС локатор. За ова попладнево информираа од Секторот за внатрешни работи – Велес“ соопшти МВР.

Локаторот бил одземен, а на М.Б. му била изречена мерка – забрана за приближување. Ова е уште еден случај каде што институциите бараат поголема превенција и заштита на жртвите.