Денес го славиме заштитникот на луѓето кои сакаат да најдат мир
Денес го славиме заштитникот на луѓето кои сакаат да најдат мир, „Свети преподобен Павле Припрос“, еве што треба да направите!
17.10 – 17-ти Октомври, православните верници го чествуваат споменот на преподобен Павле Припрост, смирен монах и ученик на свети Антониј Велики, познат по својата чистота, трпение и големо простување.
Павле живеел мирен живот до својата шеесетта година, како обичен семеен човек. Но кога еден ден ја затекнал својата жена во грев, не дозволил гневот да го совлада. Наместо одмазда, тој тивко ја напуштил куќата и тргнал во египетската пустина, каде го пронашол духовниот мир кај свети Антониј Велики.
Првично, Антониј се двоумел да го прими – Павле бил неписмен, без образование, наизглед прост човек. Но неговото смирение и послушност биле толку длабоки што Антониј увидел дека Бог го довел токму него. Го облекол во монашка облека, и од тој миг започнал неговиот вистински духовен живот.
Павле живеел во пост, молитва и тишина. Иако не знаел да чита, добил дар од Бога да ги гледа душите на луѓето – нивната светлина, болка и вера. Денес тој се почитува како заштитник на браковите во искушение, на сиромашните и смирените, како и на оние што страдаат од вознемиреност и духовен немир.
Што да направите на денот на Св. Павле Припрост
На неговиот ден, верниците се повикуваат да простат на сите што им згрешиле, како што и тој ѝ простил на својата жена.
Во православната традиција се препорачува да се помолиме за мир во душата, да направиме добро дело, и да ја изговориме оваа молитва:
„Господи, како што Ти го прослави Твојот слуга Павле, така очисти ме и мене од гнев, гордост и немир, и исполни ме со Твојот мир.“
Мудрости од Св. Антониј Велики
Бидејќи Павле бил негов ученик, нивните поуки често се преплетуваат. Еве неколку мисли од свети Антониј кои вреди да се запомнат:
„Доаѓа време кога луѓето ќе полудат, и кога ќе видат некого што не е полуден, ќе му речат: ти си безумен, зашто не си како нас.“
„Човекот треба да се плаши од своите гревови повеќе отколку од ѓаволот, зашто ѓаволот нема сила над оној што се покајал.“
„Кој сака да се спаси, нека се плаши од гордоста и нека ја љуби тивкоста.“
„Не кажувај ништо за себе, добро или лошо. Молчи и остави делата да зборуваат.“
„Кога срцето ќе се очисти, тогаш човекот го гледа Бога во сè – во луѓето, во светлината, во воздухот, во тишината.“