Дарко Лазиќ пред несреќата имал жестока кавга во клубот
Дарко Лазиќ имал расправија во белградски клуб пред несреќата на автопатот. Дознајте детали за настанот, истрагата и првата изјава на пејачот.
Фолк пејачот Дарко Лазиќ доживеа сообраќајна несреќа откако со сопругата Катарина ја напуштија прославата во белградски клуб, каде претходно настанала жестока расправија.
Лазиќ и неговата сопруга присуствуваа на семејна промоција на неговата прва песна, организирана во домот на снаата Тијана, а прославата продолжила во клуб. Таму присуствуваше и пејачката Андреана Чекиќ, кума на Лазиќ.
Конфликтот започнал кога еден гостин побарал тажна песна. Чекиќ го одбила барањето, а Лазиќ се вмешал со став дека пригодата не е за тажни песни. Несогласувањето прераснало во расправија, по што Дарко со сопругата вознемирен го напуштил клубот и се упатил кон автомобилот.
Набргу потоа, на автопат кај „Белградска арена“, нивниот автомобил „Mercedes GLE“ се судрил со автобус на ГСП Белград. Според Третото основно обвинителство, и Лазиќ и сопругата добиле полесни повреди. Обвинителството наложи детална истрага: земање крв и урина за анализа, вонреден технички преглед на возилото, фотодокументација и изјави од сведоци.
Во првата изјава за „Блиц“, Лазиќ рече дека не се сеќава на несреќата и дека изгубил контрола над возилото. Според него, условите биле лоши поради дожд, а ги отфрли шпекулациите за алкохол и недозволени супстанции.
„Фала му на Бога, сите сме живи и здрави. Имам повреди на главата, но ништо сериозно. Нема алкохол, нема дрога. Среќа што автобусот беше празен“, изјави пејачот, додавајќи дека резултатите од болницата потврдуваат дека не бил под дејство на алкохол или психоактивни супстанции.
Инаку, како што неофицијално дознаваме, Дарко Лазиќ бил пијан во моментот на судирот, со повеќе од 1,9 промили алкохол во крвта, додека долго време немал важечка српска возачка дозвола бидејќи му била одземена. Тестот за дрога покажал негативен резултат.
Како што дознаваме, Дарко Лазиќ возел автомобил „Мерцедес“ кој не е негова сопственост, туку бил изнајмен.