Данела јавно го сподели Барањето до ОЈО за итно постапуваање
Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска, јавно го сподели Барањето до ОЈО за итно постапуваање за сторени кривични дела во Општина Чаир.
Денес на својот Фејсбук профил, Данела јавно го сподели Барањето од Град Скопје до ОЈО за итно постапуваање за сторени кривични дела во Општина Чаир. Таа на својот профил напиша:
Шеф не ни успеа тоа дека тепала командант, да им побараме услуга на Бугарите за дефокус?
Стари ви се форите со Бугарија, се обиде и Заев со нив, не му успеа, тогаш патриотите ме бранеа бидејќи е лага.Јунаци, лавови, нешто да бекневте за криминалот од стотици милиони евра со фалсификати и перење пари на Висар Ганиу?
Не смеете да му писнете патриоти!
Читај Македонијо!
Таа во Барањето до Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, побара кривично да се гони градоначалникот на Чаир Висар Ганиу и уште неколкумина вработени во општината во која наведува дека во општината наводно се користи фалсификувана деловодна книга во која се воделе легализациите за дивоградбите.
Согласно доказите кои ги имаат во Град Скопје, а врз основа на расположливите факти во Општина Чаир, при незаконска легализација на дивоградби, биле фалсификувани за голем број небезбедни згради во Општина Чаир, освен фактот што Барањата за легализација, се поднесени од малолетни лица, кои не можеле со сопствена волја да превземат дејствија, да прифатат обврски и да стапат во правни односи.
Арсовска го обвинува лицето Висар Ганиу и уште неколкумина вработени во општината, дека архивската книга во Чаир ја замениле со нова, со која менувале податоци, додавале деловодни броеви. Бараат од ОЈО,да се спореди регистарот што го води општина Чаир со оној од Министерството за транспорт ќе се докаже дека книгата во општина Чаир е фалсификувана.
Градоначалничката исто така изјави дека:
-Со увид во истата, како и со споредување на податоците од Регистарот на барања за постапување со бесправни изградени објекти во Министерството за транспорт, недвосмислено ќе се докаже дека лицата фалсификувале дополнително голем број на барања со кои овозможиле противзаконски легализации на објекти надвор од сите законски рокови и со прекршување на сите законски услови и процедури. Апелирам ОЈО ГОКК итно да ја обезбеди архивската книга од општина Чаир како и Регистарот од Министерството за транспорт која ги содржи податоците со кои недвосмислено се докажува дека архивската книга од општина Чаир не соодветствува со регистарот на Министерството за транспорт и врски бидејќи е фалсификувана!
Во прилог го имате и Барањето до ОЈО, кое денеска и Аровска сама јавно го објави.