Данела Арсовска нападната во Чаир
Градоначалничката на Скопје Данела Арсовска, денес беше нападната во Чаир, при увид на дивоградба.
МВР потврди дека Градочалничката на Скопје, Данела Арсовска биле физичка нападната, но освен тоа добила и сериозни закани.
На 11.07.2025 во 12:15ч од страна на А.Ј. во СВР Скопје пријавено е дека при извршување работни задачи на ул.”Кумбара” физички била нападната градоначалничката на град Скопје Данела Арсовска и дека повеќе лица и упатувале вербални закани. Истата не сакала да поднесе пријава за настанот по што се упатила во ГОБ 8 Септември за укажување лекарска помош.
Од Болницата 8 Септември, потврдија дека Арсовска била примена во Ургентен центар видно вознемирена и со контузии од удирање со клоци и тупаници, веднаш била прегледана од доктори специјалисти.
Вработени во Град Скопје исто така раскажаа што се случило денес, Арсовска била на на увид на дивоградба на Бит Пазар спороти Полициската станица Чаир, во тој момент ја нападнале 30 лица. Вработени од Град Скопје кои биле со неа на увидот велат дека е најстрашно што нападот се случила пред полициската станица, а станува збор за дивоградба која неколкупати е пријавувана кај надлежните институции. Се очекува Аровска да даде изјава кога ќе излезе од болница, ни соопштија вработените.