Дали патување во Грција навистина чини многу?
Дом на прекрасни острови, земја со разновидна и богата кулинарска традиција, древни манастири и преубаво море и плажи, Грција е една од најпопуларните дестинации за одмор во светот.
Ако прашате многу луѓе ќе ви кажат дека од година во година, Грција станува многу скапа туристичка дестинација и дека воопшто не е евтино да се патува во Грција. Да не е евтина ако ја шетате цела Грција, јадете по скапи ресторани, одите на скапи забави и купувате скапи брендови. Сепак, Грција е всушност доста прифатлива. Можеби и е една од најевтините земји во еврозоната што постои.
Сега ако патувате во Атина таму дефинитивно не е евтино, влезница во ноќен клуб е над 20 евра, посета на Акропол ќе ве чини 25 евра само влез, тавервните се со нормални цени, но има и доста скапи ресторани. Многу често луѓето патуваат сега во Турција од овие причини како Грција е скапа дестинација. Навистина е така ако сакате да јадете на поскапи места, да излегувате во скапи ноќни клубови ако ја шетате Атина да знае да е скапа, но ако се одлучите за едно место и купувате во локални продавници, јадете гиро тогаш е навистина евтино.

Еве што да очекувате, во просек ако сега патувате во Грција (цените се во евра):
Хостели: 15-25 евра/ноќевање
Приватна соба во хостел: 30-60/ноќевање (иако, на Санторини или Миконос, очекувајте дури 100 евра)
Буџетен хотел: 40-70/ноќевање (иако, понекогаш на некој места со рана резервација може да најдете и соба во хотел со цена од 30 евра од вечер)
Гиро (и друга евтина храна за носење): 3 -4,50 евра
Чаша вино во ресторан: 3,5–5 евра
Флаширана вода во продавница: 0,50 евра
Флаширана вода (во ресторан): 1,5 евро
Грчка салата: 5,50–8 евра
Грчко главно јадење: 9-13 евра
Вечера со морска храна: 15-20 евра
Коктели: 12-15 евра
Пиво: 3-4 евра
Обиколки со брод: 10-35 евра
Jавен меѓуградски автобуси/метро: 1-2 евра за едно возење
Главни музеи/историски локалитети: 10-25 евра

Од цените може да заклучите дека Грција не мора да ве чини богатство. Напротив – оваа сончева земја со бескрајни плажи, богата историја и вкусна кујна може да биде изненадувачки евтина дестинација, ако знаете неколку паметни трикови. Од хостелски сместувања до вкусни гироси и евтини автобуси – со малку планирање, може да уживате во магијата на Егејот без да ја испразните банкарската сметка.
🔹 Правило број 1 со грчка салата и леб
Најлесниот начин да процените дали ресторан е скап или евтин? Проверете колку чини лебот и грчката салата. Ако лебот чини околу 0.50 евра, а салатата е под 7 евра – сте погодиле ефтино место. Ако е 1 евро лебот, а салатата 7–8.50 евра – тоа е просечна цена. Сè над тоа – внимавајте, ќе ви го испразнат паричникот.

🔹 Јадете „улично“
Гирото е ваш нов најдобар пријател! За само неколку евра, добивате комплетен оброк кој ќе ве држи сити цел ден. Со вакви избори, може да преживеете со под 10 евра дневно од човек за храна!
🔹 Бегајте од туристичките атракции
Цените во Грција драматично паѓаат штом излезете од гужвите и познатите места. Помалку познатите места нудат искуства дури и поубави – а цените се пониски и до 30%!
🔹 Купувајте пијалоци од продавница – не во барови
Одлично грчко вино може да се најде во продавница и за 4 евра. Многу поевтино отколку во бар. Првото напите се вино во вашето сместување, па излезете надвор.
🔹 Јавен превоз > такси
Грчките автобуси се евтини, иако понекогаш се нередовни. Такси? Скапо задоволство кое треба да се избегнува освен ако не е итно.
Како и секоја земја, Грција нуди цел спектар опции – од луксузни ресорти каде што ќе потрошите цела плата на само два коктела, до буџетски авантури каде секое евро вреди злато. Многу луѓе одат во Грција за раскошен одмор, но ако знаете каде да гледате, може да доживеете незаборавно патување без да ви експлодира вашата банкарска сметка. Следете ги горенаведените совети, и ќе добиете не само поевтино, туку и поавтентично доживување – токму она вистинското лице на Грција што туристичките брошури никогаш не го покажуваат.
