Дали навистина треба да ги переме фармерките?
Дали навистина треба да ги переме фармерките? Одговор на ова прашање ни дава поранешниот извршиот директор на Levi’s.
Фармерките – веројатно најуниверзалното парче облека на денешницата – со години важат за симбол на удобност и стил. Но, едно прашање ја дели јавноста: Колку често треба да ги переме? Според поранешниот директор на Levi Strauss & Co., Чип Берг, одговорот ќе ве шокира: речиси никогаш!
Во интервју за Fortune, Берг отворено изјави дека не верува во честото перење на фармерки. „Ако се извалкаат, само избришете ги. Ако мирисаат, проветрете ги. Тоа е сосема доволно“, вели тој. Според него, вистинските љубители на тексас се водат според правилото: „Не ги перете фармерките!“

Еколошки аргумент: Перењето е штетно за планетата
Иако на прв поглед звучи како навика на некој студент кој живее во студенски дом, Берг вели дека ова има сериозна основа: еколошката одржливост. Levi’s со години работи на намалување на водната потрошувачка во модната индустрија, а фармерките – кои бараат огромни количини вода при нивно производство – се први на удар.
Британската марка Hiut Denim Co., која исто така е специјализирана за производство на висококвалитетни фармерки, ја поддржува истата филозофија. „Машината за перење е непријател број еден на тексасот. Сè повеќе ги охрабруваме луѓето да не ги перат фармерките. Тоа има смисла, естетски и еколошки“, велат оттаму.

Што вели стилот? Што помалку перење, толку подобар изглед
Освен што е подобро за животната средина, има и стилски бенефит. Тие што носат „суров“ (raw) тексас знаат: што подолго го носиш без перење, толку повеќе се обликува според твоето тело и добива автентичен изглед.
„Оставете ги фармерките барем шест месеци пред првото перење“, советуваат од Hiut. Причината? Со тек на време и носење, бојата природно бледее на местата каде што се витка материјалот, создавајќи уникатни нијанс – нешто што машинското перење брутално го уништува.