Оваа година имаме дилема, еден фестивал по кој беше познат Дојран оваа година се подели на два фестивала, еден си остана во Дојран друг во Штип.
Фановите на “Д Фестивал – Дојран“, беа изненадени кога продукцијата која го организираше овој настан објави на својата Facebook страница, дека фестивалот има нов дом, соопштението гласеше:
“Д Фестивал со нов дом!
По години магични изгрејсонца, музика под ѕвездите и слобода на брегот на Дојран, време е за ново поглавје. Со срце полно љубов и почит, кажуваме огромно БЛАГОДАРАМ на прекрасните Дојран и дојранчани за сите незаборавни моменти, за гостопримството со кое својот град го направија местото каде што од 2011 година нашите соништа се спојуваа со реалноста.
Но, полека и сигурно нашата “Д” заедница расте и како дете што го напушта својот дом за да ги следи соништата, така и “Д Фестивал” тргнува по нов пат. Ова лето, за јубилејната 15ка, нашиот фестивалски караван продолжува кон ШТИП – опкружени со планини и река, ПОД ИСАРОТ е новата дестинација за најпозитивната фестивалска дружина, нов простор за магија и ново платно за испишување на највозбудливите фестивалски приказни.
Нови хоризонти, истиот дух, уште повеќе љубов!
Во единствената летна фестивалска авантура во Македонија, СОНУВАМЕ ЗАЕДНО!
И заедно го живееме сонот!
Од 4 до 6 јули, ВО ШТИП -> THE FESTIVAL
Ви благодариме на сите кои помогнавте да го израснеме фестивалскиот бренд во Дојран и кои на тој пат станавте наши особено драги пријатели и дел од нашата Д фамилија: Горан и Билјана Џиневи, фамилијата и целиот персонал на Сендвичара „Џина“, Диниш Катранџиев, Сестра Ефимија и Сестра Февронија, Марика Кетикиду, Костадин Џинев и фамилијата, Андреј Ангеловски, Зоран Петров Антена 5, Коста Јаневски Антена 5 и целиот тим на Антена 5 Радио, Сашо Мацановски Трендо, Марјан Деловски – Дељо, Митко Јанев и целиот тим на Ресторан „Фук Так“, Костадин Трајков – Коце, Митко Арнаудов, Лена, Танка, Анита и сите прекрасни жени од Здружение на жени „Дојран“, Сања и Иле од „Alex Beach“, Светлана од Детското одморалиште, Симона и целиот тим на хотел „La Terrazza“, Тања и Здравко од „Fancy“, Тасим и Ефе Јусуф со нивниот тим, Тони Спиркоски – Тото од Плажа „Стејџ, цела фамилија Истатов и мнооогу многу други!
Никогаш нема да ги заборавиме и ќе бидеме вечно благодарни и на: чичко Благоја Истатов, Глигор Чабулев и Никола Џинев.
ТИ БЛАГОДАРИМЕ ДОЈРАН!!!
Имаше многу разочарани фанови, бидејќи според нив фестивалот има свој белег во Дојран, дружбата и кампувањето е нешто за кое овие фанови живеат. По барање на фановите, Дојран ќе добие повторно фестивал, но овој пат со нова продукција името на фестивалот е Д- фест Дојран, оваа година Д-Фест Дојран се враќа со нова продукција, обновена енергија, и три дена спакувани со музика, креативност и дружење покрај езерото.
Д Фест – Дојран
Д‑Фест 2025 (покрај Дојранското Езеро)
Датa и локација: 25–27 јули 2025, Дојран – главната сцена, камп зона и големи журки покрај езерото
Музика: досега најавени музички ѕвезди се: Методи Христов, Ареа, DJ NIKIFOR,Funk Shui, Fecky Farris, Мими Мерцедес, Senidah, DJ Mossel, Divolly Markward, Суперхикс, Coeus и уште уште многу други изведувачи кои дополнително ќе ги објават.
Така да спремете се за три дневна забава, со кампување, со езеро за ладење и со добри артисти.
Д фестивал 2025 Штип
Дата и нова локација: 4–6 јули 2025, Штип – под тврдината Исар покрај Брегалница
Влезница: Бесплатен влез. Сепак, „charity ticket“ – доброволен прилог од 1500 МКД, средствата одат за Кочани, овој пат без камп.
Ваше е да одлучите што повеќе сакате, кои ви се омилени артисти и каков вид на фестивал сакате, но сигурно и да одите на двата фестивала нема да згрешите, изборот е ваш!
Ние користиме таканаречени „Колачиња“. Ако ви одговара да ги користите сите колачиња поставени од нашиот сајт, само кликнете „Прифаќам сè“. Исто така, можете да изберете какви колачиња сакате да користите, види ги сите поставки за колачиња со кликање на копчето „Поставки“. Прочитајте ја нашата политика за колачиња.