Цигарите поскапеа – шок за пушачите!

ВестиМакедонија

Цигарите поскапеа, нов ценовен шок за пушачите!

Од 30 сепрември, цените на цигарите во Македонија се зголемија за 10 денари по пакување, што значи дека пушачите ќе плаќаат повеќе за сите брендови на тутунски производи. Ова поскапување е дел од редовното усогласување со акцизната политика на државата, која постепено ја зголемува акцизата со цел намалување на бројот на пушачи и зголемување на државните приходи.

Новите цени веќе се применуваат во сите трафики и маркетите низ државата. На пример, најпопуларните брендови кои до вчера се продаваа по 120 денари, сега чини 130 денари по пакување, додека цените на поскапите брендови достигнаа и до 170 денари.

Министерството за финансии нагласува дека акцизниот календар предвидува годишно усогласување до 2027 година. Целта е постепено зголемување на приходите во буџетот, но и поттикнување на здравствената свест кај граѓаните преку намалување на консумацијата на тутунски производи.

Трговците посочуваат дека по секое поскапување краткорочно се забележува пад во продажбата, но навиките на пушачите брзо се враќаат на старо. Од друга страна, дел од пушачите изјавуваат дека новата цена може да ги поттикне да размислат дали да го намалат бројот на цигари или целосно да го остават пушењето.