Чоколадни овесни снегулки за појадок или десерт
Совршен брз оброк што се подготвува навечер, а ве чека готов наутро!
Овие „ноќни“ овесни снегулки со чоколадо се идеален избор кога сакате нешто здраво, вкусно и лесно за подготовка. Комбинираат хранливост и задоволство – идеални се како појадок, ужинка или десерт. А најубавото? Рецептот е флексибилен – прилагодете го по вкус!
За овој Рецепт (за 1 лице) е потребно:
- 50gr. овесни снегулки
- 50ml, млеко (кравјо или растително)
- 1 лажица семе од Чиа
- 1 лажичка Мед
- Рендано чоколадо (по желба)
Подготовка:
1. Измешајте ги состојките
Во тегла или сад ставете ги овесните снегулки, млекото, чиа семето, медот и ренданото чоколадо. Измешајте добро додека не се соединат сите состојки во густа, но кремаста смеса.
2. Оставете преку ноќ
Покријте ја теглата и оставете ја во фрижидер најмалку 3 часа, а идеално преку ноќ. Овесните снегулки ќе го впијат млекото и ќе добиете совршена текстура за појадок без труд.
3. Додајте магија по желба
Пред консумирање, доколку смесата ви изгледа прегуста, додадете уште малку млеко. Одозгора можете да додадете уште малку чоколадни трошки, свежа исечкана банана, кокосови снегулки или јаткасти плодови лешници, ореви, бадеми и.т.н.
Овој вкусен оброк може да стои во фрижидер до 4 дена. Припремете си неколку порции однапред и уживајте секое утро без мака!
Ако барате брз, хранлив и задоволувачки појадок, овесните снегулки со чоколадо се вистинскиот избор. Не само што се здрави, туку и ќе ви го разубават денот уште од првиот залак!