Чичко Југо, загина под својот прозорец од мотор кој бегал од полиција

ВестиМакедонија

Синоќа се случила трагедија, во која скопјанец загинал под својот прозорец, на пешачка зона од деца на мотор кои бегале од полиција.

Чичко Југо како што го нарекуваат неговите соседи вчера загина во страшна сообраќајна несреќа, што се случи на кејот на реката Вардар, кај Жабарот.

Според очевидци кои беа на присутни кога се случила несреќата, Југо бил згазен од мотор на кои имало двајца млади кои бегале од полицијата, во тој момент имало и многу деца кои ја видела оваа стравотна несреќа. Оваа трагедија се случила под порозорецот во зградата во која живеел.

чичко југо несреќа

Неговиот пријател Дончо на својот Фејсбук објави статус во кој пишува:

„Да умрам недалеку од местото кај што се родив”, најчесто се поистоветува со човековата желба, честопати вкоренета во чувството на поврзаност со сопственото потекло и желбата за враќање кон домот, корените…

Чичко Југо, татко на две прекрасни ќерки кои израснаa во прекрасни мајки и му подарија три внучиња. Чичко Југо на никого ништо не му згрешил, да не го знаеш ќе се чудиш од каде толку фин, културен, кога и да те види ќе те поздрави, ќе ти направи секогаш фин муабет. Нема човек кој не го сакаше, не го почитуваше.

Чичко Југо загина под сопствениот прозор, буквално под сопствениот прозор. Го убија со мотор, скап мотор, без таблички, бегајќи од полиција на Кеј 13 Ноември, покрај Паркот на Франкофонијата, каде што секогаш си играат нашите деца, кои беа сведоци на настанот.

Секогаш ќе те памтиме само по добро чичко Југо“.
Од МВР очекуваме повеќе детали во текот на денот.