Челзи со историска титула во Конференциската лига
Кол Палмер блескаше во финалето – Челзи со историска титула во Конференциската лига.
Палмер ја потврди својата сезона од соништата со две маестрални асистенции во пет минути, водeјќи го Челзи до триумф од 4-1 против Бетис во финалето на Конференциската лига и врежувајќи се во историјата на европскиот фудбал. Со оваа победа, „сините“ од Лондон станаа првиот клуб што ги освоил сите три активни европски трофеи – Лигата на шампионите, Лигата на Европа и Конференциската лига.
На почетокот на натпреварот Бетис, делуваше храбро и самоуверено, еуфоријата брзо се претвори во водство: во 9. минута од страана на Бетис.
Тренерот Енцо Мареска призна: „Во првото полувреме не пристапивме како што треба. Но во второто – сосема друга приказна.“
И навистина, Челзи се врати од паузата за полувреме како препороден тим. Доминација на средината, агресивна игра и перфектен тајминг во напаѓачките акции. Во 65. минута Палмер го најде Фернандез со идеален центаршут – 1-1. Пет минути подоцна, повторно Палмер, овојпат со бравура по аут-линијата, му асистираше на Џексон за целосен пресврт – 2-1.

Санчо во 83. минута со прецизен удар ја закопа секоја надеж на Бетис. А Каиседо со гол во судиското надополнување го затвори спектаклот: 4-1 и ерупција од радост меѓу лондонските навивачи.
⭐ Палмер – играч на натпреварот
Со две директни асистенции и огромно влијание врз пресвртот, 23-годишниот Палмер сосема заслужено го понесе признанието „Играч на натпреварот“. Од нестрплив и фрустриран во првиот дел, до диригент на победата во вториот – младиот Англичанец уште еднаш покажа дека Челзи доби злато со неговиот трансфер.