Чаби Алонсо објави: Мојот последен натпревар!
Тренерот на Бајер Леверкузен ќе ја води последната домашна средба против Борусија Дортмунд, пред трансферот во „Сантијаго Бернабеу“.
Чаби Алонсо, човекот кој Бајер Леверкузен го донесе до првата шампионска титула во Бундеслигата, ќе го води својот последен домашен натпревар за клубот оваа недела. Во неделното дерби против Борусија Дортмунд, со почеток во 15:30 часот, на „БајАрена“ ќе се затвори едно блескаво поглавје.
„Време е да потврдам дека ова е мојот последен натпревар во Леверкузен,“ изјави Алонсо на денешната прес-конференција, со што стави крај на шпекулациите.

Иако и понатаму има активен договор со клубот, Реал Мадрид ќе мора да плати обештетување за да го доведе поранешниот стратег и легенда на клубот.
Алонсо ја презеде клупата на Леверкузен во 2022 година и остави зад себе 138 натпревари со биланс: 89 победи, 31 реми и само 18 порази. Тимот постигна 311 голови и прими 149, освојувајќи ја првата титула во историјата на клубот, заедно со Купот и Суперкупот.

Сè погласни се гласините дека Карло Анчелоти ќе се повлече од функцијата тренер на Реал Мадрид, отворајќи пат за Чаби Алонсо. Клубот веќе работи на планирање на новата ера, каде Алонсо ќе има влијание врз трансферите, но не и апсолутна моќ – финалната одлука сепак ќе биде на управата на „кралевите“.