Брутално убиство во Елбасан: Албанскиот бизнисмен Едмонд Хика застрелан во својот автомобил

ВестиСвет

Брутално убиство во Елбасан: Албанскиот бизнисмен Едмонд Хика застрелан во својот автомобил

Познатиот албански бизнисмен Едмонд Хика (43), познат и под прекарот Монди Мехала, е убиен вечерва во Елбасан, пренесуваат локалните медиуми. Според првичните информации, тој бил застрелан со два истрела во главата и починал на самото место.

Полицискиот извештај наведува дека Хика бил пронајден мртов во својот автомобил околу 20:35 часот. Возилото било паркирано покрај неговата бензинска пумпа „Xhaxhi Oil“, чиј сопственик бил тој.

На снимките од местото на злосторот може да се забележат засилени полициски сили, а на еден од видеозаписите се гледа жена која вришејќи трча кон автомобилот во кој се наоѓало телото на Хика.

Некои извори тврдат дека напаѓачите пукавле кон него и го погодиле со два метка во главата. Други пак наведуваат дека Хика бил застрелан со три истрели во моментот кога влегувал во автомобилот, наводно веднаш по излегувањето од својата канцеларија.

Претпоставките се дека во атентатот учествувале двајца напаѓачи. Истрагата е во тек.